RSS Amplifier

Ana’s Substack · Aug 4, 2026

Приказните што нашиот мозок ги претвора во докази

0
Sign in to vote or save

Ana Saltirova Davidovski · #ЛиченИЗБОР

Не е најважно што му се случува на едно дете. Најважно е што неговиот мозок ќе одлучи да запамети од тоа што му се случило. Тоа е една од најважните работи што ги научив низ годините работејќи со возрасни, родители и деца.

Замислете две деца кои, гледајќи од надвор, доживуваат истиот настан.

И двете паѓаат додека учат да возат велосипед. Едното станува, ја тресе прашината и повторно се качува, другото заклучува дека тоа едноставно „не е за него“.

Настанот е ист, но приказната што си ја кажуваат и заклучуваат во нивниот мозок е различна, а токму таа е клучна за следната одлука.

Со години верував дека најважно е децата да имаат повеќе убави искуства. Денес знам дека тоа не е доволно. Затоа што мозокот не ги зачувува сите искуства. Тој постојано селектира, одлучува што е важно, што ќе запомни и што ќе користи како доказ следниот пат кога ќе треба да донесе одлука.

Следниот пат кога ќе се соочи со предизвик и ќе каже: „Не можам.“

Мозокот не измислува одговор, тој пребарува, бара докази.

„Кога претходно не успеав?“

„Кога ми беше тешко?“

„Кога ми рекоа дека не сум доволно добар?“

Но ако во неговата „внатрешна библиотека“ има и поинакви докази...

„Кога бев храбар.“

„Кога успеав.“

„Кога не се откажав.“

„Кога некој веруваше во мене.“

...одговорот што ќе го добие ќе биде сосема поинаков.

Можеби токму затоа нашата улога како родители не е да ги заштитиме децата и да им ги решиме сите проблеми, тоа е невозможно. А и кога би било возможно... дали навистина би било паметно? Дали на тој начин не му го крадеме искуството и учењето. Јас постојано се потсетувам себеси – ако му ги решам сите проблеми на моето дете тоа нема да има ниту еден проблем освен мене – како НАЈголем проблем.

Нашата улога е да им помогнеме да изградат богата внатрешна библиотека од искуства на кои ќе можат да се потпрат кога животот ќе стане тежок. Затоа што не можеме секогаш да влијаеме на тоа што ќе им се случи. Но можеме да влијаеме на тоа што нивниот мозок ќе зачува како доказ за тоа кои се тие... и што сè можат да научат, создадат и станат.

Но што има сето ова заедничко со ChatGPT?

Искрено... кога првпат ја видов таа паралела, не можев неколку дена да престанам да размислувам за неа.

За тоа... следниот вторник.

А ако си помисливте „Добро, а #КакоМОЖЕ?“ 💛

Верувам дека животните вештини не се нешто за кое е доволно да читаме и да знаеме, тие се учат, вежбаат и живеат. И уште подлабоко верувам дека вештините што нам, ГОЛЕМИТЕ, ни се потребни на работа, се истите вештини што на децата им се потребни на игралиште. Затоа, ако по овој текст сакате да продолжиме заедно, можете да изберете што ви е потребно во моментов:

Сакам уште да истражувам – БЕСПЛАТНО
На овој Substack ве чекаат моите текстови, а на мојата страница бесплатни материјали, игри, картички, предизвици и првите 6 е-книги од серијата #КакоМОЖЕ да станеме и останеме среќни родители.

Сакам да применувам – САМОСТОЈНО
Моите книги, игри и карти се создадени токму за идеите за кои читате овде да не останат само идеи, туку да станат разговори, игри, мали чекори и семејни ритуали.

Сакам да растеме – ЗАЕДНО
Во #КЛУБзаРодители не бараме совршени родители. Учиме, пробуваме, разговараме и градиме животни вештини заедно со нашите деца. Вратите на Клубот ги отвораме двапати годишно – во мај и во ноември.

Имам нешто мое на кое сакам да работам – 1:1
Ако имате тема што веќе некое време ја вртите во глава, знаете дека сакате нешто да промените, но ви недостига јасност, поинаква перспектива или следниот чекор, можеме да работиме и индивидуално, низ 1:1 coaching.

Не мора да направите сè.
Изберете го она што ви е корисно СЕГА.

Впрочем, затоа и се вика #ЛиченИЗБОР. 💛

Сподели ја приказната

No posts

Read the original on licenizbor.substack.com

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.