RSS Amplifier

Ana’s Substack · Jul 31, 2026

Добредојде во Светот #Благодарам

0
Sign in to vote or save

Ana Saltirova Davidovski · #ЛиченИЗБОР

#Благодарам не е само збор. Тоа е животна вештина. Една мала навика може да го промени начинот на кој го гледаме денот, односите и животот.

Тука ќе ги најдеш предизвиците, алатките, игрите, книгите и идеите што ги создадов со една едноставна желба – благодарноста да стане дел од секојдневието.

💛 Добредојде.

Можеби се прашуваш како започна приказната #Благодарам.

Во 2014 година одлучив да направам еден мал експеримент, да почнам секојдневно да искажувам благодарност.

И ако сум искрена, не започнав затоа што верував дека ќе ми го промени животот. Напротив, започнав со желба да проверам дали навистина има толку голема моќ каква што покажуваат многу научни истражувања.

Денес, повеќе од една деценија подоцна, можам да кажам дека тој мал експеримент прерасна во начин на живот. Полека сфатив дека благодарноста не е чувство што нè посетува само кога сè е добро. Таа е вештина што може да се развива, да се вежба, да се негува.

И токму затоа денес зборувам за #Благодарам како животна вештина.

Од таа идеја се родија книгите, игрите, медитациите, предизвиците, обуките и сите останати алатки што ќе ги најдеш на оваа страница.

Не затоа што верувам дека постои една совршена алатка.

Туку затоа што секој човек и секое семејство има свој начин на кој најлесно учи, расте и ја живее благодарноста.

Пред тебе е мапата на светот #Благодарам. Избери го патот што најмногу ти одговара.

Ако првпат се среќаваш со #Благодарам, ти препорачувам да започнеш токму од тука. Предизвикот е создаден како едно мало 10-дневно патување низ различни идеи, вежби и перспективи кои ќе ти помогнат полека да ја развиваш благодарноста како животна вештина.

Не е потребно да бидеш позитивен/на цело време, ниту овој предизвик има за цел да ти го промени животот, туку целта е да си дозволиш да направиш свое искуство.

Можеби имаме и повеќе од она што ни е потребно, а она што ни недостасува е СВЕСНОСТ и БЛАГОДАРНОСТ за истото.

Живееме во едно интересно време... за некого ова е најстресното и најтешкото време за живеење. Но, ако погледнеме малку пошироко, живееме во време во кое човештвото направило огромен напредок, многу болести кои бришеле цели градови веќе ги нема, многу од болестите кои биле смртоносни сега се лечат со лекови од домашната аптека, имаме повеќе знаење, повеќе технологии и повеќе можности отколку кога било претходно… мислам дека се гледа во која насока сакам да ја поканам твојата мисла.

Но, исто така факт е дека луѓето генерално не се чувствуваат најдобро, која е причината, нема да навлегуваме, затоа што веројатно не е ни една, дополнително гледањето во вратата која не нè носи на место каде добро се чувствуваме нема да направи голема разлика.

Што велиш да отвориш една нова врата?

Подолу ќе ги најдеш сите денови од предизвикот, започни од првиот ден и движи се со свое темпо.

Направи искуство. 💛

1 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Свесност

·

Jul 6

БЛАГОДАРАМ наместо ИЗВИНИ е една моќ(ж)на игра со зборови. Во НЛП (невролингвистичко програмирање, методологијата што ја проучува успешноста и која е основа на мојата работа), делот на лингвистиката за мене како љубител на зборот, игра значајна улога. Оваа

4 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Игра

Jul 9

Гејмификацијата (чист литературен македонски збор) е една „нова модерна“ техника која се состои од примена на игри како метод за учење со цел да се добијат подобри резултати. Иако на прв поглед изгледа како нешто ново, децата го прават ова отсекогаш. 😊 Но, за среќа, на нас ГОЛЕМИТЕ ни дава дозвола да се забавуваме повеќе 😊.

6 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Навика

Jul 13

Дневник на Благодарност, можеби до сега посака да имаш и ти дневник за благодарност во кој ќе ги бележиш работите кои го грејат твоето срце, увидите од претходниот ден или...

9 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Потсетник

Jul 16

Ќе споделам со тебе еден наш семеен ритуал ААА камче срце. Елена мојата ќерка (еден од главните ликови во книгата #Благодарам) почна да ги наоѓа насекаде, ги броев до 200 па престанав. По некое време почнав и јас, син ми Огнен (другиот главен ликови во книгата #Благодарам) и мојот сопруг да ги гледаме и пронаоѓаме околу нас. Овие камчиња ги даруваме, че…

10 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Споделување

Jul 17

Јеее ден 10, #Благодарам што си уште тука. Те охрабрувам и себеси да си кажеш #Благодарам што се вклучи во овој Предизвик, на ова патување, кое се надевам дека и кај тебе ќе трае многу години и ќе ти донесе многу благодети исто како на мене.

Низ годините се родија различни алатки со една иста цел – да помогнат благодарноста полека да стане животна вештина.

Не постои една совршена алатка. Постои онаа што најмногу одговара за тебе и за твоето семејство во овој момент.

Семејната книга #Благодарам

Понекогаш највредните разговори започнуваат со едно едноставно прашање.

Семејната книга #Благодарам е создадена за родителите и децата заедно да разговараат, да ја негуваат благодарноста и да создаваат среќни спомени што ќе останат запишани.

Додека ја пополнувате книгата, благодарноста не ја развива само детето и ти добиваш можност да застанеш, да погледнеш со нови очи на секојдневието и да откриеш колку убави нешта веќе постојат во твојот живот.

Со текот на времето книгата станува многу повеќе од книга. Станува семеен споменар на мислите, разговорите и моментите на кои вреди повторно да им се навратите.

Дознај повеќе, на следниот линк.

50+ идеи #Благодарам

Понекогаш не ни недостасува желба да ја негуваме благодарноста, туку идеја од каде да започнеме.

Книгата 50+ идеи #Благодарам содржи по една активност за секоја недела од годината и верувам дека секое семејство ќе може да го пронајде она што најмногу му одговара.

Не постои правилен начин да се практикува благодарноста.

Важно е активностите да имаат смисла за тебе и твоето семејство и да ве поттикнат да создадете и свои идеи. Понекогаш и една мала идеја е доволна за да започне една нова семејна традиција.

Дознај повеќе, на следниот линк.

Играта е еден од најприродните начини на кои децата учат, а често и најлесниот начин возрасните повторно да се поврзат со нив. Во светот #Благодарам ќе најдеш повеќе игри и игровни алатки кои ја претвораат благодарноста во заедничко искуство, разговор и смеа.

Игра #Благодарам, бесплатна игра што децата сами ја изработуваат и можат да ја играат на три различни начини, линк за симнување

Картички #Благодарам, бесплатни картички за гејмификација на благодарноста, линк за симнување

Карти #Благодарам, три игри од нашето детство, збогатени со благодарност.

Карти „Што фали?”, игра за внимание, концентрација и забележување детали.

Коцка #Благодарам, визуелен потсетник што ги отвора разговорите за благодарност.

За картите и коцката дознај повеќе, на следниот линк.

Понекогаш на детето не му треба уште еден совет, му треба само неколку минути да застане, да здивне, да се поврзе повторно со себе.

Детските медитации со #Благодарам се создадени токму за тие мали моменти.

#Деница е медитација за добро утро.

#Мирка е медитација за свесна пауза, кога детето ќе почувствува силни емоции или едноставно ќе има потреба да застане.

#Сонка е медитација за мирен крај на денот.

Сите три медитации се збогатени со негување на ставот #Благодарам, за благодарноста полека да стане природен дел од детското секојдневие.

Дознај повеќе, на следниот линк.

Најлесно ги учиме децата преку она што секојдневно го живееме. Токму затоа, откако ќе го поминеш 10-дневниот предизвик за големи, можеш да ја поканиш и детската перспектива.

30-дневниот предизвик за деца содржи по една мала идеја за секој ден од месецот, која ќе ви помогне заедно да ја негувате благодарноста како животна вештина.

Не е важно дали ќе ги направите сите 30 активности, важно е да создадете моменти во кои благодарноста ќе стане природен дел од вашето секојдневие.

Предизвикот за големи беше почеток. Овој предизвик е покана благодарноста да продолжи да расте и дома, заедно со децата.

линк за симнување

Не се сите алатки претставени овде.

Во светот #Благодарам постојат уште многу идеи, игри, активности и работни материјали кои можеш да ги истражуваш со свое темпо. Некои се достапни бесплатно, некои можеш да ги најдеш на веб-страницата, а многу од нив се дел од библиотеката на #КЛУБзаРодители, каде продолжуваме да ја развиваме благодарноста како животна вештина.

Ако светот #Благодарам ти се допадна и сакаш ова да не остане само еднократно искуство, тогаш #КЛУБзаРодители е местото каде патувањето продолжува.

Секој месец заедно развиваме животни вештини што им помагаат на децата и возрасните да живеат посвесно, похрабро и посреќно. Во Клубот често велиме дека зад секое однесување што сакаме да го видиме кај нашите деца, најпрво стои нешто што треба да го развиеме кај себе. Затоа и пристапот во Клубот започнува од родителот.

Со текот на годините, овие принципи ги преточив во една едноставна рамка за родителување, која нè потсетува што сакаме свесно да градиме додека растеме заедно со нашите деца. Таа не е создадена за да станеме совршени родители, туку да ни помогне почесто да застанеме, да размислиме и посвесно да ги носиме родителските избори. Симболично, и таа го носи акронимот #БЛАГОДАРАМ.

Б - Баланс меѓу љубов и дисциплина
Л - Лична слобода со поддршка
А - Акцент на развивање на ставот #КакоМОЖЕ
Г - Градење независност
О - Отворена комуникација
Д - Делегирање задачи
А - Автономија со насоки
Р - Рефлексија и учење од искуствата
А - Активно учество во нивниот свет
М - Менторство и coaching наместо контрола

Ова е само една од рамките и алатките што ги користиме во #КЛУБзаРодители. Ако го препознаваш овој пристап, ќе ми биде драго да продолжиме да растеме заедно.

Дознај повеќе за #КЛУБзаРодители, на следниот линк.

Ако сакаш подлабоко да ја разбереш методологијата #Благодарам, достапна е и обуката #Благодарам како животна вештина.

Оваа тема е дел од #КЛУБзаРодители, но обуката е достапна и самостојно за сите кои сакаат подобро да ја разберат и применат благодарноста како животна вештина.

Во неа зборуваме за благодарноста, научните сознанија, принципите на методологијата и практичните начини на кои благодарноста може да стане дел од секојдневниот живот.

Ако сакаш да дознаеш повеќе или да се вклучиш во обуката, слободно пиши ми. Ќе ми биде драго да споделам повеќе информации.

Ти благодарам што прошета низ светот #Благодарам.

Се надевам дека барем една идеја, едно прашање или една алатка ќе најде место во твоето секојдневие. Не е важно од каде ќе започнеш, важно е да започнеш. Благодарноста не е дестинација, таа е начин на кој полека учиме да го живееме секој ден.

Не чекај следен фестивал. Следното #Благодарам можеш да го кажеш уште денес. 💛

Сподели ја приказната

No posts

Read the original on licenizbor.substack.com

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.