RSS Amplifier

Ana’s Substack · Aug 11, 2026

Што можеме да научиме за родителството од ChatGPT?

0
Sign in to vote or save

#ЛиченИЗБОР · #ЛиченИЗБОР

Последниве години светот не престанува да зборува за вештачката интелигенција. Како ќе ги промени работните места. Како ќе го промени образованието. Како ќе го промени начинот на кој работиме.

Додека го користев ChatGPT, почнав да размислувам за нешто сосема друго. Не што AI ќе нè научи да правиме... туку што AI може да нè научи за нас самите.

Не затоа што човечкиот мозок е компјутер, туку затоа што, за првпат, имаме технологија што нè потсетува колку е важно:

  • какви прашања поставуваме,

  • од кои искуства учиме,

  • што паметиме,

  • и што пребаруваме кога ни треба одговор.

И тогаш ми помина една едноставна мисла. Кога ќе му поставам прашање на ChatGPT, тој не измислува одговор од ништо. Тој пребарува низ знаењето со кое располага и врз основа на него создава одговор. Колку поквалитетни информации има... колку подобро е поставено прашањето... толку покорисен е и одговорот.

И тука се запрашав... Зарем не прави нешто многу слично и нашиот мозок?

Минатиот вторник зборувавме дека мозокот собира докази, но тие докази не ги создава сам. Тој учи од искуствата што ги живееме и токму тука ја видов најголемата сличност. AI не станува попаметен затоа што размислува, туку затоа што учи од податоците што му се достапни. И тука човечкиот мозок има една огромна предност. Не само што учи од искуствата, туку може и свесно да размислува за нив, да им даде ново значење и да избере што ќе направи следниот пат.

Прашањето никогаш не е дали детето ќе учи, тоа е неизбежно.

Прашањето е од што ќе учи?

И уште поважно... кои искуства неговиот мозок ќе ги зачува како најважни?

Тука повторно се враќаме на улогата на родителот, не можеме да го живееме животот наместо детето, но можеме да му помогнеме да забележи нешто што инаку би можело да го пропушти.

Да го прашаме:

„Што научи денес?“

„Што направи добро?“

„Што би пробал поинаку следниот пат?“

Токму со оваа побуда, барајќи подобри прашања пред неколку години почнав да ја развивам идејата #КакоМОЖЕ. Затоа што сфатив дека многу често не ни недостигаат одговори, ни недостигаат подобри прашања. Прашања што не го затвораат размислувањето... туку го отвораат. Од тие прашања подоцна се родија играта и картите #КакоМОЖЕ, како алатки што им помагаат и на децата и на возрасните кога ќе заглават во мислата „не можам“.

Со тие прашања не му даваме готови одговори. Му помагаме да научи како континуирано да ја гради сопствената база на искуства од која ќе ги бара своите одговори. И можеби токму тоа е една од најважните задачи на родителството, не да му го покажеме патот, туку да му помогнеме да научи како да го пронаоѓа.

Но ако искуствата се важни...

зошто понекогаш едно единствено лошо искуство успева да ги засени десетте добри?

За тоа... следниот вторник.

А ако си помисливте „Добро, а #КакоМОЖЕ?“ 💛

Верувам дека животните вештини не се нешто за кое е доволно да читаме и да знаеме, тие се учат, вежбаат и живеат. И уште подлабоко верувам дека вештините што нам, ГОЛЕМИТЕ, ни се потребни на работа, се истите вештини што на децата им се потребни на игралиште. Затоа, ако по овој текст сакате да продолжиме заедно, можете да изберете што ви е потребно во моментов:

Сакам уште да истражувам – БЕСПЛАТНО
На овој Substack ве чекаат моите текстови, а на мојата страница бесплатни материјали, игри, картички, предизвици и првите 6 е-книги од серијата #КакоМОЖЕ да станеме и останеме среќни родители.

Сакам да применувам – САМОСТОЈНО
Моите книги, игри и карти се создадени токму за идеите за кои читате овде да не останат само идеи, туку да станат разговори, игри, мали чекори и семејни ритуали.

Сакам да растеме – ЗАЕДНО
Во #КЛУБзаРодители не бараме совршени родители. Учиме, пробуваме, разговараме и градиме животни вештини заедно со нашите деца. Вратите на Клубот ги отвораме двапати годишно – во мај и во ноември.

Имам нешто мое на кое сакам да работам – 1:1
Ако имате тема што веќе некое време ја вртите во глава, знаете дека сакате нешто да промените, но ви недостига јасност, поинаква перспектива или следниот чекор, можеме да работиме и индивидуално, низ 1:1 coaching.

Не мора да направите сè.
Изберете го она што ви е корисно СЕГА.

Впрочем, затоа и се вика #ЛиченИЗБОР. 💛

Сподели ја приказната

No posts

Read the original on licenizbor.substack.com

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.