Минатиот вторник завршив со едно прашање.
Ако искуствата се толку важни... зошто понекогаш едно единствено лошо искуство успева да ги засени десетте добри?
Замислете дете кое десет пати успешно чита на час, единаесеттиот пат ќе згреши и наставничката ќе го коригира.
Кога попладнето ќе го прашате: „Како помина на училиште?“
И ќе ви одговори: „Лошо.“
Кога ќе ви објасни што се случило вие на тоа не гледате како денот да бил лош туку само еден момент бил непријатен.
Па сепак... токму него мозокот го избрал да го понесе дома.
Зошто?
Затоа што нашиот мозок не е создаден првенствено за да нè направи среќни, создаден е за да ни помогне да преживееме. Тоа е наследство што го носиме од нашите предци. Со илјадници години тие живееле во свет каде пропуштената опасност можела да значи живот или смрт. Оној што навреме ќе ја забележел змијата, ќе го слушнел шушкањето во грмушките или ќе го запомнел опасното место, имал поголеми шанси да преживее. Затоа мозокот постепено развил навика многу побрзо да ги забележува и памети непријатните искуства отколку пријатните. Тоа било одлична стратегија за преживување.
Но денес... истата таа стратегија понекогаш прави еден неуспех да изгледа поголем од десет успеси. Токму затоа улогата на родителот не е да се преправа дека лошото не се случило. Ниту да каже – не се секирај ништо страшно. Затоа што за детето... во тој момент навистина е страшно. Нашата задача не е да го тргнеме вниманието од непријатното искуство, туку да му помогнеме да не остане заробено во него.
Наместо веднаш да даваме утеха или решение, можеме да бидеме љубопитни, да прашаме:
„Што мислиш дека можеш да научиш од ова?“
„Ако ова му се случеше на твојот/ата најдобар другар/ка, што ќе му/ѝ кажеше?“
„Што би сакал/а следниот пат да направиш поинаку?“
Со овие прашања не го менуваме тоа што се случило, го менуваме начинот на кој детето ќе го запамети тоа искуство. Не ги менуваме фактите му помагаме да пронајде значење во нив.
На децата им треба некој што ќе им покаже, што ќе ги научи да откријат што можат да понесат со себе од тоа искуство, а не да им каже дека не е ништо страшно и дека ќе помине.
И токму од тоа размислување почна да се раѓа идејата за семејната книга #ВолшебнотоКИЛИМЧЕ.
Што ако постои едноставен начин детето свесно да се врати на ресурсите кои ги има во себе, а кои ќе му помогнат во тешките моменти?
Затоа што животот никогаш не е составен само од убави или само од тешки моменти.
За тоа...
следниот вторник.
А ако си помисливте „Добро, а #КакоМОЖЕ?“ 💛
Верувам дека животните вештини не се нешто за кое е доволно да читаме и да знаеме, тие се учат, вежбаат и живеат. И уште подлабоко верувам дека вештините што нам, ГОЛЕМИТЕ, ни се потребни на работа, се истите вештини што на децата им се потребни на игралиште. Затоа, ако по овој текст сакате да продолжиме заедно, можете да изберете што ви е потребно во моментов:
Сакам уште да истражувам – БЕСПЛАТНО
На овој Substack ве чекаат моите текстови, а на мојата страница бесплатни материјали, игри, картички, предизвици и првите 6 е-книги од серијата #КакоМОЖЕ да станеме и останеме среќни родители.
Сакам да применувам – САМОСТОЈНО
Моите книги, игри и карти се создадени токму за идеите за кои читате овде да не останат само идеи, туку да станат разговори, игри, мали чекори и семејни ритуали.
Сакам да растеме – ЗАЕДНО
Во #КЛУБзаРодители не бараме совршени родители. Учиме, пробуваме, разговараме и градиме животни вештини заедно со нашите деца. Вратите на Клубот ги отвораме двапати годишно – во мај и во ноември.
Имам нешто мое на кое сакам да работам – 1:1
Ако имате тема што веќе некое време ја вртите во глава, знаете дека сакате нешто да промените, но ви недостига јасност, поинаква перспектива или следниот чекор, можеме да работиме и индивидуално, низ 1:1 coaching.
Не мора да направите сè.
Изберете го она што ви е корисно СЕГА.
Впрочем, затоа и се вика #ЛиченИЗБОР. 💛
No posts

Comments
Nothing yet. Say the first thing.
Sign in to join the conversation.