RSS Amplifier

Ana’s Substack · Jul 20, 2026

БОНУС ПРЕДИЗВИК #Благодарам | Ова не е крај... ова е нов почеток 💛

0
Sign in to vote or save

#ЛиченИЗБОР · #ЛиченИЗБОР

Колку повеќе луѓе го запалиме светлото во нас, толку повеќе ќе се осветли мракот.

Сакам да ти кажам едно големо #Благодарам што се вклучи во овој предизвик, што си подари време на себеси да направиш свое искуство и да ја поканиш благодарноста во својот живот.

Пред да продолжиш понатаму те поканувам да застанеш за момент и да си кажеш едно искрено #Благодарам.

  • Благодарам што започнав.

  • Благодарам што не се откажав.

  • Благодарам што си дозволив да пробам нешто ново.

  • ...

Премногу често го забележуваме само она што не сме направиле, а забораваме да си оддадеме признание за чекорите што веќе сме ги направиле, токму тие мали чекори создаваат големи промени.

Исто така пред да го затвориш овој предизвик сакам да те поканувам да си поставиш и неколку прашања:

  • Која идеја најмногу ми остана во мислите?

  • Која вежба најмногу ми помогна?

  • Што научив за себе?

  • Што сакам да продолжам да практикувам и по денешниот ден?

Не мора да има големи одговори, понекогаш една мала промена е доволна за да го промени правецот по кој ќе продолжиме.

Сакам да ти оставам и еден мал потсетник – секогаш кога ќе почувствуваш дека повторно брзаш низ животот и забораваш да ги забележуваш малите нешта, врати му се на акронимот #Благодарам.

Б – Благодарност секој ден

Л – Личен раст

А – Афирмации на успехот и лекциите

Г – Грижа за другите

О – Оптимизам во тешките моменти

Д – Доверба во процесот

А – Акција со ентузијазам и игривост

Р – Радост за малите нешта

А – Автентичност

М – Мотивација да продолжиш да светиш и осветлуваш.

Патувањето може да продолжи и по овие десет дена, ако во тебе се разбуди желба да продолжиш да ја развиваш благодарноста како животна вештина. Можеби ќе посакаш да продолжиш преку некоја од алатките од методологијата #Благодарам:

  • Семејната книга #Благодарам – за заеднички разговори, размислувања и создавање семејни спомени.

  • 50+ идеи #Благодарам – практични идеи, игри и ритуали со кои благодарноста полека станува дел од секојдневието.

  • Играта #Благодарам – за семејни разговори и учење преку игра.

  • Картичките #Благодарам – за забавна гејмификација.

  • Карти и коцка #Благодарам – да ја направиме #Благодарам забавна преку игра.

  • Медитациите со благодарност – за моменти кога сакаш да забавиш и да се поврзеш со себе и со своето семејство.

  • Доколку сакаш подлабоко да ја истражиш темата, тука е и обуката #Благодарам како животна вештина.

  • А ако сакаш ова да стане дел од твоето секојдневие, ќе ми биде драго да ни се придружиш во #КЛУБзаРодители, каде секој месец заедно развиваме животни вештини што им помагаат на децата и возрасните да живеат посвесно, похрабро и посреќно.

Во Клубот често велиме дека зад секое однесување што сакаме да го видиме кај нашите деца, најпрво стои нешто што треба да го развиеме кај себе. Затоа и пристапот во Клубот започнува од родителот.

Во Клубот го користиме уште еден акроним #Благодарам како рамка на методологијата за тоа како да родителуваме и каков возрасен да бидеме.

Б – Баланс меѓу љубов и дисциплина

Л – Лична слобода со поддршка

А – Акцент на развивање на ставот #КакоМОЖЕ

Г – Градење независност

О – Отворена комуникација

Д – Делегирање задачи

А – Автономија со насоки

Р – Рефлексија и учење од искуствата

А – Активно учество во нивниот свет

М – Менторство и coaching наместо контрола

Ако го препознаваш овој пат и сакаш да продолжиш, ќе ми биде навистина драго да се сретнеме повторно – во Клубот, на обука или на некоја следна заедничка авантура.

И да, ова не е крај на предизвикот, ова е почеток на една нова навика.

Се надевам дека благодарноста повеќе нема да биде само збор што ќе го кажеш од време на време. Се надевам дека ќе стане животна вештина која ќе ја препознаваш, ќе ја вежбаш и ќе ја живееш секој ден.

Доколку ти се допадна предизвикот и мислиш дека на некој ќе му биде исто така корисен, сподели ја идејата и покани уште некого да ни се придружи.

Да ја шириме магијата на #Благодарам заедно.

Од 💛 им се радувам на сите ваши искуства, пораки и прашања. Затоа немој да се стегаш – пиши ми. Ако не ти одговорам, тоа најверојатно значи дека пораката не стигнала до мене. Пиши ми повторно. 💛

До следното читање ти посакувам многу лични (и свесни) избори.

Благодарам од 💛,

Ана

Сподели ја приказната

No posts

Read the original on licenizbor.substack.com

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.