Македонија со пораз од Турција ги почна Медитеранските игри во Таранто
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз од 0-3 во сетови, односно 4-25, 16-25 и 15-25 го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто.
Турција првиот сет го доби со убедливи 25-4, а во вториот продолжи со доминантна игра и славеше со 25-16.
Во третиот сет Македонија се обиде да даде поголем отпор, но Турчинките повторно беа подобри и со 25-15 го затворија натпреварот.
Македонските одбојкарки следниот натпревар го играат против Косово на 24 август од 11 часот.
Фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Comments
Nothing yet. Say the first thing.
Sign in to join the conversation.