Реал Мадрид ја отвори новата првенствена сезона со победа над Еспањол од 2-1, благодарение на головите на Џуд Белингем на почетокот од натпреварот и дебитантот Еспи во самиот финиш. Иако не се запиша во листата на стрелците, во центарот на вниманието повторно беше Винисиус Жуниор поради тензичната атмосфера на трибините и неговите реакции кон противничките навивачи. По натпреварот реагираше и Жозе…
Напаѓачот на Кристал Палас, Жан Филип Матета отвори правна постапка тврдејќи дека последните месеци од неговиот договор се неважечки, поради што се обратил и до ФИФА. Лондонскиот клуб уште во 2024 година ја активираше опцијата за продолжување на соработката, па според важечкиот договор, Матета официјално би требало да остане во клубот до крајот на оваа сезона. Меѓутоа, 29-годишниот француски…
Maнчестер сити денеска го игра првиот натпревар во Премиер лигата во ерата без Пеп Гвардиола и со Енцо Мареска на клупата, а Ерлинг Халанд во овој дуел ќе влезе со голема промена на имиџот. Норвежанецот сега ќе го гледаме без долгата коса бидејќи одлучи да се потстрижи многу кратко. Неговата нова фризура многу брзо предизвика лавина од реакции кај навивачите кои не се навикнати да го гледаат во…
Хуманоидниот робот „Тијангог Ултра“ постави нов неофицијален рекорд во трката на 100 метри, откако патеката ја истрча за неверојатни 9,39 секунди. Со тоа ја проби магичната граница од 9,5 секунди, нешто што досега не му успеало на ниту еден човек. Резултатот беше постигнат во квалификациите на Светските игри на хуманоидни роботи во Пекинг и е побрз од светскиот рекорд на Јусеин Болт. Зад него…
Maкедонските претставници во мечување Петар Дамјановски и Огнен Бундалевски со по две победи во своите групи утрово обезбедија место во елиминационаата фаза. Дамјановски во своите борби со по 5-3 беше подобар од Даниеле Фофана и Чади Ел Чемали од Либан, додека порази претрпе од Махмуд Монсшен (5-2) и Мигел Фразо (5-3). Противник во првата рунда од елиминациите ќе му биде Артемос Цованис од Грција.…
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласираше во четвртфиналето на Медитеранските игри откако беше подобар од Тунижанецот Моатаз Ифауи. Георгиевски до победата дојде во во три рунди со резултат 2-1 за десет минути и 47 секунди. Четвртфиналето во кое Георгиевски ќе се бори со Берат Демирчоглу од Турција е закажано за 16:12 часот. Денеска настап имаше и Филип Блажевски кој со 2-0 загуби од…
Македонските пливачи немаа забележителни резултати и во вториот ден на пливачкиот турнир на Медитеранските игри. Резултатите беа слични на вчерашните со тоа што денеска Никола Ѓуретановиќ не се појави на патеката на 200 метри остана без настап. На истата делница Огнен Славковски заврши како последен во квалифкациите со време од 1:56.28 минути. Во женска конкуренција Сара Јанкувиќ исплива за…
Англискиот фудбалер, Дом Балард, е сериозен кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во годината, откако постигна спектакуларен погодок на вчерашниот натпревар меѓу Бирмингем и Бристол (2-2) во Чемпионшип лигата. Тој во 85. минута, по еден центаршут во шеснаесетникот беше свртен со грб кон голот, но тоа воопшто не му пречеше да изведе мајсторија. Балард ја зафати топката со пета, а таа заврши…
Стравични сцени го прекинаа дербито во Богота помеѓу Индепендиенте Санта Фе и Америка де Кали, откако навивачи на двата тима ја пробија заштитната ограда и влегоа на теренот, а на снимките се гледаат и лица со ножеви и мачети. Инцидентот се случи во текот на натпреварот од шестото коло на колумбиското првенство, по еден жесток старт на Франко Фагундез врз Жан Фернандес. Тоа беше само искрата која…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи за двете спорни ситуации од натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Арсими во 4. коло од Првата лига, при што категорично застана зад одлуките на судиите. Во 43. минута домашниот напаѓач во шеснаесетникот падна по контакт со противничкиот фудбалер, но ФФМ оценува дека немало елементи за пенал. Според анализата, контактот бил минимален, а напаѓачот го…
Реал Мадрид стигна до првата победа во новата сезона во Ла Лига, откако на гостувањето кај Еспањол славеше со 2-1 во драматичен натпревар кој беше решен во последните минути. „Кралевите“ одлично го отворија мечот и поведоа во деветтата минута. Арда Ѓулер испрати одлична топка, а Џуд Белингем со глава ја затресе мрежата за 0-1. Еспањол не се предаде и успеа да израмни во 30. минута. Алекс Калатрава…
Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски постигна гол на гостувањето на Вараждин кај Динамо Загреб, но неговиот тим не успеа да ја зачува предноста и на крајот претрпе пораз од 1-3. Младеновски беше стрелец во 28. минута, кога по прекин одлично реагираше со глава и ја затресе мрежата на домаќините. Големиот погодок на македонскиот стопер донесе шок на „Максимир“, бидејќи Вараждин неочекувано…
Баерн Минхен ја започна новата сезона со трофеј, откако славеше над Борусија Дортмунд со 2-1 во германскиот Суперкуп, која од лани го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер. Практично, шампионот го одбрани пехарот бидејќи и лани со идентичен резултат стигна до него, тогаш со победа против Штутгарт. Баварците одиграа одлично прво полувреме и практично го решија натпреварот уште пред паузата.…
Откако минатата сабота славеше против Вардар во финалето во Струга, Охрид и денеска беше подобар од актуелниот шампион на Македонија, овојпат во мечот за трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“. Во финалниот дуел, охриѓани триумфираа со 29-27, покажувајќи дека се наоѓаат во одлична форма во пресрет на новата сезона. Двете екипи повторно ќе се сретнат за десетина дена, овојпат за првиот официјален…
Поранешниот шампион на Македонија, Работнички со нова енергија и високи амбиции влегува во новата сезона. На клупата останува Владимир Мирковски, кој ја почнува својата втора кампања на кормилото на сениорскиот тим на 15-кратниот првак. Со новата управа и стручниот штаб, тимот од Градски парк најавува враќање на клубот во самиот врв на македонската кошарка. „Имаме нова управа, нова енергија и…
Екипата на Валенсија со нерешен резултат ја почна новата сезона во шпанското првенство откако вечерва на домашен терен одигра без голови со Селта. Јасно е дека двете екипи се далеку од најдобрата форма поради што натпреварот не ги оправда очекувањата. Упатени беа само пет директни удари кон двата гола, но ниедна топка не заврши во мрежата. Нешто подобра беше Селта која имаше три шанси за гол, но…
Ракометарите на Загреб денеска триумфираа против Тримо Требње на пенали во борбата за третото место на турнирот „Крсте Андоновски“. Двете екипи понудија одличен ракомет на турнирот во Охрид, при што регуларниот дел заврши 24-24, па победникот се решаваше на пенали. Хрватскиот тим на пенали успеа да слави со 5-3 против Тримо и така го освои третото место. Во големото финале на турнирот ќе се соочат…
Италијанскиот шампион Интер славеше со 4-1 против Монца на стартот на Серија А, но натпреварот ќе се памети и по мајсторијата на Хакан Чалханоглу. Чалханоглу во шестата минута го отвори резултатот со прекрасен удар од далечина, по што Монца успеа да израмни преку Варела во 29. минута. „Нераѕурите“ постигнаа уште три гола во вториот дел, и тоа преку Зиелински, Еспозито и Бисек за триумф од 4-1. На…
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно постигна гол за Славен Белупо и донесе победа од 2-0 против Горица во четвртото коло од хрватското првенство. Несторовски го почна мечот со жолт картон во четвртата минута, по што неговиот колега Митровиќ стрелаше за 1-0 во 18. минута. Искусниот напаѓач само неколку минути подоцна погоди за 2-0 за Славен Белупо, а на теренот остана до 67.…
Тотнем тргна во новата сезона со катастрофален пораз на гостувањето кај Брентфорд (0-3) во Премиер лигата. Брентфорд успеа да го шокира Тотнем по само 12 минути со голот на Луис-Потер, а набрзо Витали Јанелт зголеми на 2-0. Избраниците на Роберто Де Зерби беа целосно надиграни на теренот, а Кајоде во 49. минута зголеми на 3-0, по што Тотнем можеше да доживее и уште поголема катастрофа, но за нивна…
Најдобрата македонска такевондистка Миљана Рељиќ по победата во осминафиналето беше запрена во четвртфиналето од Чаима Туми од Тунис со 2-0. Рељиќ по стартната победа сега не успеа да дојде до уште еден триумф во категоријата до 57 килограми. Денеска настап во машка конкуренција имаше и Христијан Симоновски кој во категоријата до 68 килограми загуби од домашниот натпреварувач Денис Барета исто…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски забележа победа во првата борба на Медитеранските игри откако во категоријата до 60 килограми го совлада Босанецот, Михајло Декиќ. Рустемовски беше подобар во рингот од самиот стар и по првите две рунди имаше предност кај сите пет судии. Четворица судии му доделија резултат 20-18, додека кај еден резултатот беше 20-17 во негова корист. Пред крајот на третата…
Манчестер јунајтед катастрофално ја почна сезоната во која влезе со многу оптимизам откако минатата со Керик на клупата се вратија во Лигата на шампионите. Денеска во првото коло од Премиер лигата „црвените ѓаволи“ ги разочараа своите навивачи со пораз на гостински терен од Хал со 2-0. Новајлијата во Премиер лигата одигра солиден натпревар, посебно во првото полувреме кога ги постигна двата…
Maкедонскиот фудбалски прволигаш, екипата на Струга Трим Лум денеска промовираше две засилувања. Но член на стружани е централниот дефанзивец, Едисон Кола кoj има 25 години и пристигнува како слободен играч, а последниот ангажман го имаше во албанското првенство во редовите на Тирана. Претходно настапуваше за грчките клубови: АЕ Лариса, Гиочутас, ОФ Лерапетра и Ерготелис. Второ засилување е…
Плазма Спортските игри за млади уште еднаш потврдија зошто се настан број еден во Европа. Игрите се уникатно доживување за сите учесници, но и за сите поддржувачи. Претпоследниот ден на меѓународното финале беше резервиран за Ол-стар спектаклот и свечената церемонија по повод 30 години од Плазма Спортските игри за млади. Ол-стар мечот започна со квизот „Стани зелен амбасадор“, дел од проектот…
Големиот кошаркарски стратег, Светислав Пешиќ се приклучи кон одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на Работнички, а во оваа прилика и откри дека малку недостасувала да го облече дресот на еден од нашите најголеми клубови. Поранешниот селектор на српската репрезентација во видеото открива детали од својата играчка кариера во која еден од поинтересните моменти е можноста да заигра за…
Maкедонските пливачи не се истакнаа на првиот ден од Медитеранските игри во Таранто каде што не остварија посебни резултати. Нашите натпреварувачи беа блиску до дното или на самото дно на трките кои се одиграа денеска. Сара Јанковиќ заврши на десеттото последно место со време од 4:34.83 со што беше послаба за 17.89 од победничката во втората група. Последен заврши и Огнен Славковски во истата…
Џорџ Расел победи на саботната спринт трка во Формула 1 на патеката „Зандворт“, откако од пол-позицијата го контролираше темпото пред Шарл Леклер и Ландо Норис. Британскиот возач на Мерцедес веднаш по стартот создаде предност и без поголеми проблеми ја приведе трката до крај, со што ја забележа првата победа по Големата награда на Австрија во јуни. Леклер шест круга пред крајот со агресивен…
Македонската женска ракометна репрезентација претрпе пораз на Медитеранските игри во првиот натпревар против Грција со 25-31. Нашите ракометарки одиграа одлично прво полувреме во кое беа подобар противник, меѓутоа во вториот дел како да загубија сили, а Грција тоа знаеше да го искористи и дојде целиот плен. По почетното водство на Грција од 3-1 на стартот, Македонија полека ја презема контролата и…
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сосема изненадувачки потпиша договор со екипата на Аталанта, иако во претходниот период не се поврзуваше со оваа екипа. Како можни дестинации за Елмас се споменуваа повеќе клубови, меѓутоа Аталанта не беше помеѓу нив. Сепак, многу брзо директорот Џунтоли реагирал на барањата на Маурицио Сари и договорот бил завршен за само 24 часа, така за Елмас ова е…
Во првиот натпревар од француската Лига 1, Марсеј лесно го совлада Стразбур и славеше убедлива победа од 4-0. Натпреварот беше решен во второто полувреме кога домаќинот ги постигна сите четири погодоци. Резултатот го отвори Гоури во 46-тата минута, а истиот фудбалер се запиша во листата на стрелци и во 68-та минута. Марсеј и по двата погодоци продолжи да биде подобриот тим на теренот, Стразбур во…
Арсенал на најдобар можен начин го почна походот кон одбрана на титулата во Премиер лигата откако на свој терен вечерва лесно се справи со новајлијата Ковентри кого го совлада со 3-0. Избраниците на Артета едноставно покажаа дека се поквалитетен противник и не оставија простор тимот на Лампард да се надева на некакво изненадување на првиот натпревар од сезоната. Резултатот го отвори Каи Хаверц со…
Ракометарите на Охрид ќе играат во финалето на турнирот „Крсте Андонвсоки“, домаќинот вечерва одигра реми 30-30 против Загреб што им беше доволно за освојување на првото место во групата. Натпреварот се решаваше во последните моменти, Карачиќ имаше можност да го реши дуелот, но на минута пред крајот неговиот удар го запре голманот Дино Славиќ. Ивановиќ во следниот напад не реализираше, меѓутоа…
Maнчестер јунајтед и дефинитивно го договори најголемото засилување досега во преодниот рок, Карлос Балеба пристигнува на „Олд Трафорд“. Балеба во гигантот од „Олд Трафорд“ пристигнува во трансфер вреден 76 милиони евра како фиксна отшета и уште 5.8 милиони преку бонуси со што вредноста може да достигне над 81 милион евра. За Балеба ова ќе биде најголемиот предизвик во кариерата, пред Брајтон каде…
Клеј Томпсон ја заврши епизодата во Далас маверикс и кариерата ќе ја продолжи во Мајами откако двете страни постигнаа договор за раскин на соработката. Како што пренесува НБА инсајдерот, Шемс Чарнија, петкратниот Ол-стар играч ќе потпише за Мајами. Хит уште во текот на летото покажуваше голем интерес за искусниот шутер и беше меѓу главните кандидати за неговиот ангажман доколку стане слободен…
Каи Хаверц е стрелецот на првиот гол за новата сезона во Премиер лигата, Германецот го отвори резултатот во дуелот на бранителот на трофејот со новајлијата Ковентри. Хаверц по 15 минути игра на асистенција на дефанзивецот Калифиори ја погоди мрежата, додека седум минути подоцна Букајо Сака се погрижи и за 2-0. 🚨🏴 KAI HAVERTZ OPENS THE SCORING FOR ARSENAL! Arsenal 1-0 Coventry.…
Maкедонската делегација на Медитеранските игри во Таранто денеска продифелира на големото отворање на игрите, а честа да бидат знаменосци ја имаа таеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката Леона Миленкоска. На игрите во Таранто Македонија ќе биде претставувана во 19 од 33 спортови и тоа во: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо,…
На свој терен Брегалница вечерва стигна до втората победа сезонава во најсилното друштво откако со сигурна игра го совлада Башкими со убедливи 3-0. Башкими сезонава е првиот фаворит за преселба во понизок ранг бидејќи по четири кола кумановскиот состав и понатаму е без бодови, но и без постигнат гол. Резултатот денеска беше отворен во 23. минута кога Иван Глигоров ја смести топката во мрежата за…
Ракометарите на Вардар се првиот финалист на турнирот во Охрид откако во неизвесен натпревар „црвено-црните“ го совладаа Тримо Требње со 28-26. Долго време натпреварот беше во егал, на полувремето се замина со 11-11, меѓутоа Вардар во второто полувреме успеа да го скрши отпорот и да дојде до победа вредна финале. Вардар така стигна до шест бода и го обезбеди првото место во „А“ групата кое носи во…
Осумкратниот олимписки шампион Усеин Болт е регистриран за настап во фудбалската ветеранска лига во Англија. Болт официјално е регистриран како играч на Витеншо Ветс, клуб кој се натпреварува во Премиер дивизијата на ветеранската лига во областа Чешир. Во оваа лига можат да играат само фудбалери постари од 35 години, а Витеншо е клуб од јужниот дел на Манчестер. Минатата сезона привлече големо…
Фудбалерот на Барселона, Гави реши да донира 1,3 милиони евра за да се изградат 150 домови за бездомници во неговиот роден град Лос Паласиос и Вилафранка. Гави кажа дека сакал нешто да направи за сиромашните лица во градот и да им помогне на колку што може повеќе луѓе. „Сум видел премногу луѓе како се борат да преживеат во студените зимски ноќи без безбеден покрив над главата. Отсекогаш сум…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска. Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка…
Во 2026 година, cloud mining повеќе не е ограничен само на искусни рудари со скапа опрема. Развојот на мобилните платформи за cloud mining им овозможи и на обичните корисници да учествуваат во рударењето криптовалути директно преку паметен телефон, без потреба од купување опрема за рударење или справување со сложени технички поставувања. Новата генерација cloud mining услуги го прави рударењето на…
Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто почнуваат денеска, а вечерва од 20 часот е свеченото отворање. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин и е подготвена за настапите на натпреварувањето, а заедно со нив стигна и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Македонија на Медитеранските игри „Таранто 2026“ ќе биде со најбројна делегација досега (130…
Барселона постигнала договор за трансфер на хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ од Фенербахче, а за неговиот потпис каталонскиот гигнат ќе плати два милиони евра фиксно плус дополнително два милиони преку бонуси. Планот на Барселона е Ливаковиќ да пристигне во клубот следното лето кога се очекува да замине Војчех Шчесни, по што Хрватот ќе ја преземе улогата на резервен голман зад…
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги објави одлуките по натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига. Струга заврши на дисциплинска постапка зашто не обезбедила паркинг-простор за гостинскиот автобус пред мечот со Вардар, а исто така имала и несоодветно обележување на теренот. Дисциплинска постапка ќе се води и против Тиквеш затоа што имале…
Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, по првата недела од подготовките даде првична оценка за новиот состав и откри што може да се очекува од актуелниот македонски шампион во новата сезона. Актуелниот шампион почна активно се подготвува за новата сезона, а според стратегот, работата засега се одвива според планираното. „Металците“ во летниот период направија неколку промени во ростерот, со цел…
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се приклучи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, објави познатиот инсајдер Ентони Ирвин. Ирвин реагираше по трејдот на Пејтон Вотсон во Кливленд, при што посочи дека Денвер на некој начин го „предале“ Јокиќ со овој гест и поради тоа Србинот би можел да го напушти клубот. „Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ, кој е голем пријател со Никола.…
Шпанскиот гигант Реал Мадрид утрово доби одлична вест која ќе ги израдува сите во клубот, а посебно тренерот Жозе Мурињо затоа што рехабилитацијата на една од најголемите ѕвезди напредува многу добро. Родриго веќе подолго време е надвор од терените поради повреда, но шпански „АС“ пишува дека е забележан голем напредок и поради тоа Бразилецот е блиску до враќање на теренот. Иако враќањето на…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ е уапсен во Португалија откако полицијата во комбето што го управувал пронашла повеќе од 1,5 тонa кокаин. Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 70 милиони евра, а португалските медиуми објавуваат дека кокаинот бил во сопственост на таканаречениот Балкански картел. Милошевиќ, според информациите од Португалија, бил запрен на автопат во рамките на…