RSS Amplifier

Сител Телевизија · Aug 23, 2026

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови

0
Sign in to vote or save

Сител Телевизија

-->

-->

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови

-->

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија.

Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина.

– Нашите компании потпишаа документи во врска со развојот и производството на дронови во Финска за потребите на Украина и Европа, развојот на капацитетите во областа на автономните поморски системи и основањето компанија за производство на роботски комплекси на копно, напиша Зеленски во порака на Телеграм.

Украинскиот претседател истакна дека се прави уште еден чекор кон продлабочување на соработката со комбинирање на украинското борбено искуство со финските технологии.

Зеленски им се заблагодари на Стаб, финската влада, бизнисите и луѓето за поддршката на Украина „од првите денови на  војната

МИА

-->

-->

-->

Read the original on sitel.com.mk

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.