Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија. Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина. – Нашите компании потпишаа документи во…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени заканата на САД со нови санкции како знак на очај, нагласувајќи дека очекуваните нови мерки нема да можат да го скршат Иран. Опишувајќи ги заканите како „повторувачки сценарија“, шефот на иранската дипломатија во видео објавено на апликацијата Телеграм рече: „Фактот дека тие (американските лидери) преминаа од воени операции на…
Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија бугарската воздухопловна база Безмер, потврди бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции во Иран. Соединетите Американски Држави, кои се во војна со Иран од 28 февруари, пред еден месец побараа нивно привремено распоредување во Бугарија според договор што го регулира…
– Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата на нацизмот што се случува во Украина е само дел од посериозен проблем и дека главниот проблем е што неонацистичката идеологија е ставена во темелите на модерната украинска државност. – Неверојатно е што се случува во Украина во моментов. Глорификацијата на нацизмот е само половина од проблемот. Но, вистинскиот проблем е што оваа…
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума Категорија: Македонија Новинар: Александар Динев
Македонија има највисока стапка на заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа. Вирусна инфекција која ја пренесуваат комарци и птици е пријавена во 12 европски држави, први случаи регистрираа и Австрија, Албанија, Германија. Според последниот неделен извештај на Европскиот Центар за превенција и контрола на болести до петокот кога од земјава биле пријавени 37 инфицирани, на еден…
Сметките на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за околу 3%. Точните пресметки во моментов ги прави ПИОМ и според првиот човек на институцијата, ќе се знаат до крајот на следната недела. Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50% од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од инфлацијата, во споредба со бројките од…
Затегнатите односи меѓу Скопје и Софија повторно се разгореа по изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова. На одбележувањето на Илинденско-Преображенското востание, таа порача дека Македонија нема што да дели со Бугарија бидејќи историјата е заедничка и дека Софија нема да отстапи од борбата за Бугарите во земјава, став кој веднаш предизвика бура од остри реакции во македонската јавност.…
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“ Категорија: Македонија
Сите кои издаваат вили, станови, апартмани, соби и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход. УЈП им порача на охридските туристички работници дека фер туризам започнува со пријавен доход, посочувајќи дека неопходна е меѓусебната соработка се со цел да се создадат еднакви услови за сите, да се поттикне конкуренцијата и да се сузбие сивата економија. Општина Охрид…
Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри…
Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека…
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки…
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на подрачјето на Полициското одделение Мирковци во општина Чучер Сандево спроведоа превентивна активност за заштита од пожари. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во разговорите со жителите била потенцирана потребата од континуирана…
73 годишен жител на Долно Лисиче почина од компликации од западнонилска треска на Инфективна. Ова е петти смртен случај за две недели од вирусната инфекција која ја пренесуваат комарци и птици. Починатиот како што информираше директорот на Клиниката имал и други придружни заболувања. - Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во…
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. - Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше…
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го…
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил…
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село…
МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и…
Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во 14 часот во ОВР - Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал…
На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во…
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). - Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина…
УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. МИА
Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите…
Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката…
Иран денеска предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова закана од САД, откако Вашингтон објави дека ќе воведе досега најстроги санкции насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги оцени како „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се…
Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да…
- Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитски диктатор“. - Ердоган е антисемитски диктатор кој ги масакрира Курдите, кој изрази поддршка за масакрот на терористичката организација Хамас и кој го угнетува сопствениот народ, соопшти канцеларијата на Нетанјаху. Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против…
Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот…
До 18:00 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат од ЦУК, активни се пожарите во село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација; во село…
Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни. Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч од репрезентацијата Нахуел Молина доби забрана за настап на седум натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а…
Западниот романски град Тимишоара втор ден по ред е покриен со густ чад и силен мирис на изгорено, кои доаѓаат од големите пожари во соседна Србија каде што веќе изгореа илјадници хектари шума и тревна вегетација. Поради влошениот квалитет на воздухот и намалената видливост, Дирекцијата за јавно здравје на округот Тимиш излезе со итни препораки за заштита на населението: Ограничување на движењето:…
На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против Т.Б. ќе…
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против В.П.(68) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 24.06.2025 во с.Слепце, полициски службебници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 6.35мм, пушка…
Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1…
Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. - Оптимално…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите имајќи го предвид фактот сè она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави, како Франција, Шпанија, соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. - Во 2024 година во јуни сите три летала, или познати во јавноста како…
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на…
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. -Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести - изјави Николоски, кој со…
За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство…
Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на западнонилска треска кај мртва птица во Скопје. Во меѓувреме, заболувањето е регистрирано и кај жители на општините Центар и Чаир. Вкупно досега се евидентирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се потврдени, а кај три пациенти има потврда со еден тест. „Она што е…