RSS Amplifier

Сител Телевизија · Aug 22, 2026

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија

0
Sign in to vote or save

Сител Телевизија

73 годишен жител на Долно Лисиче почина од компликации од западнонилска треска на Инфективна. Ова е петти смртен случај за две недели од вирусната инфекција која ја пренесуваат комарци и птици. Починатиот како што информираше директорот на Клиниката имал и други придружни заболувања.

- Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

На инфективната клиника речиси секојдневно примаат пациенти сомнителни на западнонилска треска. Во моментот на болничко лекување има 21 пациент, кај 18 инфекцијата е и лабораториски потврдена. Сите се од Скопје, а вирусот им предизвикал воспаление на мозокот и мозочната обвивка. Најмладата хоспитализирана е на 25 годишна возраст, а четворица повозрасни се на интенивна нега.

- Кај сите овие пациенти кои се хоспитализирани кај нас имаме потврдено акутно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, без разлика дали се работи за помлад или постар пациент, кај сите што се хоспитализирани на Клиниката е потврдена таа невроинвазивна форма, како што медицински ја нарекуваме. Но кај помладите пациенти, нормално, исходот и текот на болеста, според сите досегашни студии и статистики, како кај нас така и во светот, е поповолен и тие полесно ја поминуваат болеста, потенцира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана

Досега 19 пациенти со западнонилска треска кои биле хоспитализирани на Инфективна се излекувани и пуштени се дома.

Според последните податоци од скопскиот центар за јавно здравје досега се регистрирани 43 случаи.

Властите мапираа 34 ризични места за ширење на западнонилскиот вирус, претежно канали за наводнување во приградските населени места и за деновиве најавија теренско прскање против комарци.

Read the original on sitel.com.mk

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.