RSS Amplifier

News source

Опсервер

Сите вистински информации на едно место! Бидете информирани!

opserver.mkSource feed ↗60 articles

Overdue Last read · last published · next check
Last read 3 days ago, longer than this feed's 1 hour schedule.

Written by

Latest articles

Американските авиони-цистерни се повлекоа од Бугарија по заканите од Иран

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на…

(Видео) Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид

Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во…

(Видео) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните…

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше…

(Видео) Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што…

(Видео) Штерјова: Пет години лаги за модуларната, ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно.…

(Видео) Две лица загинаа во силното невреме што го погоди Балтикот, над половина милион домаќинства без струја

Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме проследено со поројни дождови го погоди Балтичкиот регион. Во Литванија, спасувачките екипи го извлекле телото на маж под паднато дрво во селото Мазионис. Втор маж загинал откако врз него паднале делови од зграда во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се повредени и хоспитализирани.…

Ангелов: За малку ќе отидеше цело Бонче, доброволните пожарникари го спасија селото

Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека … The…

Ирански хакери првпат успеале да исклучат британска електрана, објектот бил надвор од функција четири дена

Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави.…

(Видео) Директор на супермаркет под истрага по смртоносниот руски напад во Криви Рих

Украинската полиција покрена кривична постапка против директорот на супермаркет кој се наоѓа во склоп на трговски центар во Криви Рих, по смртоносниот руски напад со дронови во кој загинаа најмалку 16 лица, а 130 беа повредени, меѓу кои и 23 деца. Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски потврди дека директорот се истражува поради сомнение за немарност, бидејќи супермаркетот,…

(Видео) Еспи погоди во 90-та минута за триумф на Реал кај Еспањол

Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во … The post (Видео) Еспи погоди во 90-та минута за триумф…

Баерн во Дортмунд го освои германскиот Супер куп

Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија германскиот Суперкуп наречен „Франц Бекенбауер“, откако во финалето славеа над Борусија во Дортмунд со 2:1 (2:0). Натпреварот се играше на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но дури ни тоа не ѝ помогна на Борусија да избегне уште еден пораз во дуелот против баварскиот гигант. Екипата на Винсент Компани повторно демонстрираше поголем квалитет од својот … The…

Охрид го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“

Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, Охрид го победи Вардар со 29:27 (12:10). Првиот дел од финалето мина во израмнета игра, се играше гол за гол, а ниту еден тим се до финишот на првото полувреме немаше предност поголема од еден гол. Охриѓани подобро влегоа во вториот дел, во 40-та минута стекнаа предност од … The post Охрид го одбрани…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот стигнал до дворовите

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне и се прошири кон Струмица, односно до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот е под контрола на потегот од селата Водоча и Баница до месноста Софилар. Активен останува само на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето, покрај струмичките пожарникари,…

Брентфорд го декласира Тотенхем

Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3:0 (2:0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло. Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата … The post Брентфорд го…

Трагичен крај на потрагата по малиот авион во Хрватска: загинаа двајца германски државјани

Двајца германски државјани загинале во падот на мал авион на подрачјето на Велебит, потврди Агенцијата за истрага на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај. Станува збор за продолжение на вчерашната информација за исчезнатиот авион, со кој бил изгубен контакт за време на летот од Чешка кон Задар. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урнал авионот „Diamond … The…

Тошковски: ЕБР е еден од столбовите на безбедносниот систем на Македонија

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и…

(Видео) Ваков гол ретко се гледа – Магија на Доминик Балард

Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“. Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард. Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката. Дојдовниот центаршут од левата страна … The post…

(Видео) Денес беше еден од најтешките денови за пожарникарите, вели Ангелов

Над 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на … The post (Видео) Денес…

ЕБР одбележа 25 години: Четврт век посветеност, дисциплина и служба за граѓаните

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, со свеченост пред Офицерскиот дом, на која беа истакнати нејзината улога во безбедносниот систем и заложбите за натамошна модернизација и професионално усовршување. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од…

Грција пред нов бран жештини

Грција ја очекува нов топлотен бран, а температурите во делови од земјата во текот на викендот би можеле да надминат 40 Целзиусови степени и локално да се приближат до 42 степени. Националната опсерваторија во Атина предупреди дека во многу региони жешкото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела. Според прогнозите, максималните дневни температури ќе се движат меѓу … The post…

Пожар во семејна куќа во Велес, пожарникарите спречија огнот да ја проголта целата куќа

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот ……

Филипче: Мицкоски и Владата имаат суров и нечовечен однос кон лозарите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци. „За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот … The post…

Елмас се договори со Аталанта

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност … The…

Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се активни, огнот голта шуми и вегетација

До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – … The post Огнен фронт низ Македонија: 11…

Од „ливада“ до зелена оаза: Плоштадот „Македонија“ добива ново лице, вели Ѓорѓиевски

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“, која со години граѓаните ја нарекуваа „ливада“, добива нов изглед. Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што наведува Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, со уредувањето просторот треба да прерасне во мала зелена оаза, која ќе се вклопи во…

Спринт трката во Зандворт за Џорџ Расел

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот … The post Спринт трката во…

Мицкоски нѐ прогласува за економски гигант, а граѓаните не можат да ги покријат основните трошоци, вели Левица

Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба во државата, тврдејќи дека и покрај изјавите за висок економски раст, две минимални плати не се доволни ниту за покривање на минималната синдикална кошничка. Од партијата велат дека Мицкоски ја претставува Македонија како една од водечките економии во регионот, но без, според нив, јасно да наведе на…

Мечка усмрти маж во Ново Мексико, прв смртоносен напад по 25 години

Маж загина во напад на мечка во местото Кристал, во американската сојузна држава Ново Мексико, соопшти Полициската управа на народот Навахо. Пријавата за нападот била примена околу 13 часот, по што полициски службеници од округот Виндоу Рок излегле на терен. Според полицијата, службениците пукале кон мечката, но таа успеала да избега во блиската шума. Подоцна животното било пронајдено и усмртено.…

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата и потеклото на средствата на приредувачите

По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, продолжува неговата имплементација со донесување на потребните подзаконски акти. Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со Правилникот детално се пропишува документацијата со…

Арсенал рутински се справи со Ковентри

Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати … The post Арсенал…

Иран: Америка не го разбира јазикот на дипломатијата

Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денес на Икс напиша дека Соединетите Американски Држави покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата. Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ослободат ирански средства, ниту ќе го прекинат „морското пиратство“. Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже дека…

Брзо одење или трчање – што е подобро за намалување на крвниот притисок, според мислењето на лекарите

Физичката активност е еден од клучните фактори на кои можеме да влијаеме за да го намалиме ризикот од хипертензија, што значи дека редовното вежбање може да ни помогне подобро да го контролираме притисокот. Одењето и трчањето се меѓу наједноставните начини за зголемување на нивото на активност бидејќи не бараат многу опрема и можат да се практикуваат речиси насекаде. Но, кој … The post Брзо одење…

Вклучете го во вашата исхрана: oва суперовошје го штити срцето, кожата и го зајакнува имунитетот

Агрумите како што се портокалите, лимоните, мандарините и грејпфрутот не се само сочни и освежителни, туку содржат и малку калории и се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Поради сето ова, тие можат да бидат одличен дел од балансирана исхрана. Редовната консумација на агруми може да има голем број позитивни ефекти врз телото, пишува Health.com. Тие се добар извор … The post…

Филипче, кого Абази го спаси од кривична одговорност за модуларните, се плаши од избори и уште го штити Лимани за водата во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 … The post Филипче, кого Абази го спаси од кривична одговорност за…

Силно невреме се движи кон Словенија и Хрватска; Италија е веќе на удар, снег на Алпите

Централниот дел на Медитеранот е под влијание на циклон над Џеновскиот Залив, кој носи бури и обилни врнежи од дожд на Апенинскиот Полуостров, Алпите и северозападниот дел од регионот. Италија е веќе на удар на многу обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Делови од Италија се исто така под влијание на суперцелуларни бури. Бурите и обилнита врнежи од дожд … The post Силно невреме се движи кон…

Мицкоски, последниот Наполеон на Македонија, вели Таравари

Северна Македонија и претходно го има видено ова сценарио: премиери кои, опиени од власта, мислеле дека најлесниот начин да ја покажат својата сила е да удираат по Албанците, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Денес, како што додава, Мицкоски чекори по истиот пат. „Удари врз албанскиот јазик. Релативизирање на Бадентер. Слабеење на правичната и соодветна застапеност. А пред ……

Британски „Тајмс“ за Вучиќ: На европскиот „камелеон“ што игра меѓу Истокот и Западот можеби му истекува времето

Британски „Тајмс“ објави обемен текст за српскиот претседател Александар Вучиќ, неговиот балансирачки чин меѓу Москва и Брисел, како и за сè посилното студентско протестно движење, кое според анкетите на јавното мислење има поголема поддршка од властите. „Како средновековен крал што прима петиции, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, стоеше на главниот плоштад во едно мало гратче на…

Арсенал го официјализира трансферот на Конса

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа … The post Арсенал го…

На Табановце уапсен странски државјанин: возел со 168 на место каде максималната брзина е 80 километри на час

На граничниот премин „Табановце“ уапсен е странски државјанин откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако максимално дозволената брзина била 80 километри на час. Според МВР, денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски…

Челзи му го продолжи договорот на Жоао Педро

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми. 24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси. „Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, … The post…

Укината епидемијата во Гостивар со над 5.000 заразени, Клековски: Веќе нема пациенти со стомачни проблеми поврзани со водата

По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи…

(Видео) Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените…

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона има договор со Лаутаро, не и со Интер

Барселона постигна договор со Лаутаро Мартинез во врска со потенцијален трансфер од Интер, тврди шпанскиот „Ел Чирингито“. Според нивните информации, каталонскиот клуб има целосен договор со менаџерот на аргентинскиот напаѓач Алехандро Камања, но најважниот дел, договорот со Интер, се уште не е започнат. Барселона се сврте кон Лаутаро откако не успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид за…

Пенелопе Круз на насловната страница на шпанскиот „Вог“ предизвика критики: „Отидоа предалеку“

Пенелопе Круз се појави на насловната страница на септемвриското издание на шпанскиот „Вог“. Ова е нејзината 16-та насловна страница на списанието, а таа се враќа на него две години по нејзиното последно појавување. Фотографиите се од дуото Шон + Сенг. На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на Оскар, која е и амбасадор на Шанел, носи фустан украсен со … The post Пенелопе…

Мицкоски: Просечно месечно пензиите се зголемени за 296 денари

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое … The post Мицкоски: Просечно месечно пензиите…

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај

ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и … The post ВЛЕН: ДУИ ја има…

Се зголемува капацитетот на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. „Во рамки на градежните…

120 милиони евра повеќе БДП, за само две години економијата го забрзува чекорот

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за…

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. „Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри ……