RSS Amplifier

Blog

Vinica

Виница

vinica.mkSource feed ↗19 posts

Overdue Last read · last published · next check
Last read 3 days ago, longer than this feed's 10 hours schedule.

Written by

Latest posts

Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

Странските државјани кои со возила со странски регистарски таблички сообраќаат во Македонија од сега можат онлајн да ги проверуваат сообраќајните казни и да ги плаќаат електронски. „Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози,…

Закерберг си купи замок изграден во 19 век во Ирска

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг си купил замок од 19 век во готски стил, со поглед кон река во југоисточниот дел на Ирска, на 200 километри (125 милји) од европското седиште на неговата компанија, соопшти во четвртокот неговиот портпарол, пренесува „Гардијан“. Замокот Странкали (Strancally Castle) бил изграден околу 1830 година на земјиште со поглед […]

Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв (долга 11 километри), се уништени, оштетени или отстранети на Шар Планина, а кои треба да им послужат за планинарите полесно да го најдат патот во зисмки услови. Како што информираат во здружението за одржлив развој САТ – Скопје, […]

Откриено оружје во шума во Германија, осомничена руска разузнавачка служба

Германската полиција минатата година открила пиштоли скриени во шума во близина на Берлин, за кои веруваат дека требало да се користат за извршување атентати во име на руската разузнавачка служба, објавија германските медиуми. Медиумите велат дека еден осомничен е уапсен во Романија и дека можеби е одговорен за поставувањето на складиштето за оружје. Германската разузнавачка […]

Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

Граѓаните не сакаат избори, сакаат реформи и континуитет на процесите, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски пред учеството на Амбасадорскиот совет. „Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме влада четири години, но доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе […]

АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската […]

Хрватска најавува построги казни за екоцид

Хрватска ќе го воведе екоцидот како ново кривично дело во Кривичниот законик, а за најтешките случаи ќе бидат предвидени значително построги затворски казни, вклучително и можност за доживотен затвор. Ова го соопшти министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан. Воведувањето на екоцидот е дел од усогласувањето на хрватското законодавство со европската…

Поранешен таен агент на ЦИА од Косово уапсен во САД

Администрација на Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес. Агентите на Службата за имиграција и царина го […]

Најмалку 13 загинати во Киев, Украина се соочува со недостиг на воздушна одбрана

Најмалку 13 лица се убиени, а 40 се повредени во најновите руски напади додека Киев се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана, објави Би-Би-Си. Станбени блокови и магацини беа погодени низ целиот град во текот на ноќта а оштетени се и детска болница и училиште. Смртните случаи се резултат на недостаток на ракети […]

Трамп се закани со „огромни економски последици“ за секоја земја што соработува со Иран

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе нанесат „огромни економски последици“ врз секоја земја што помага или соработува со Иран, објави Би-Би-Си. Тој на Truth Social објави дека ја започнува „најразорната економска операција некогаш преземена против која било земја“. Не даде дополнителни детали и не именуваше ниедна друга нација. Ова доаѓа откако 60-дневниот прекин на […]

Вработен во банка во Гевгелија пристапувал до сметки на корисници и присвоил околу пет милиони денари, поднесена кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин […]

Со СМС пораки се алармираат граѓаните за епидемијата, 36 потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија

Заклучно со 18 август, според податоците на ИЈЗ, во земјава се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска од кои 36 потврдени и два веројатни, соопшти денес Министерството за здравство. 37 во случаите се регистрирани во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки […]

САД обвинија 17 Иранци за хакерски напади врз универзитети и владини агенции

Седумнаесет Иранци се обвинети за наводно водење долгогодишна „координирана кампања“ на сајбер напади во обид да украдат податоци од американски организации, објави Би-Би-Си. Министерството за правда на САД соопшти дека членови на Институтот „Мабна“, со седиште во Иран, ги нападнале компјутерските системи на 144 американски универзитети и 42 фирми од приватниот сектор од најмалку 2013 […]

Отпуштениот украински министер за одбрана бара претседателски избори

Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, повика на воени избори, што се смета за најголем предизвик за претседателствувањето на Володимир Зеленски од целосната инвазија на Русија пред четири и пол години, објави Би-Би-Си. „Демократијата не може да биде заложник на Русија“, рече 35-годишниот Федоров во видео објавено на YouTube во вторник, додавајќи дека Украина […]

Ниту еден македонски универзитет не е меѓу 1.000 најдобри на Шангајската листа

Ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу 1.000 најдобри универзитети во светот на најновото Академско рангирање на светските универзитети (Academic Ranking of World Universities – ARWU), попознато како Шангајска листа, објавено на 15 август. Податоците од годинашното рангирање покажуваат и продолжување на трендот на зголемување на бројот на кинеските универзитети во однос на […]

Никој не ги објавува резултатите од анализите на водата во Гостивар

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека […]

Екстремните горештини се поопасни за луѓето над 60 години отколку што претходно се сметаше

Луѓето на возраст од 60 години и постари се соочуваат со опасности по своето здравје од изложеност на топлина при многу пониски температури отколку што претходно се сметаше, покажало истражување, објави „Гардијан“. Повозрасните лица ќе ги почувствуваат најтешките последици од сè почестите и подолги периоди на екстремни горештини ширум светот, додека планетата продолжува да се […]

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Почина хрватската писателка, колумнистка и блогерка Ведрана Рудан, јави Н1 Хрватска. Таа имаше 76 години. Веста беше објавена и на нејзиниот официјален профил со кратка порака дека Рудан „заминала во подрачје без сигнал“. Станува збор за формулација што самата ја употреби во едно од своите последни јавни обраќања зборувајќи за сопствената смрт и за болеста […]

Четворица осомничени за подметнување 10 пожари во Задар остануваат во притвор

Четири лица се осомничени за предизвикување десет пожари на подрачјето на Задар и задарската жупанија, по што ќе поминат еден месец во истражен притвор. Истрагата сега е насочена кон нивната меѓусебна комуникација, трагите на облеката и утврдувањето на точната причина за секој од пожарите, објави Индекс.хр. Како што пренесува медиумот, станува збор за тројца хрватски […]