RSS Amplifier

Blog

Вевчански Извори

Споменик на природата Вевчански Извори

vevcani.mkSource feed ↗10 posts

Live Last read · last published · next check

Written by

Latest posts

Проекција на кратки документарци и дискусија во склоп на ДримШорт фестивалот во Струга

Кога уметноста станува гласник на природата. Вчера, во рамките на Drim Short Film Festival во Струга, преку филмското платно ја отворивме една од најважните и најургентните теми за нашиот регион — заштитата на реките и изворите. Проекцијата на трите кратки документарни филмови не беше само уметничко доживување, туку и длабоко потсетување на природните богатства што […]

Изложба на цијанотипи

Синоќа во Мултикултурниот центар во Вевчани официјално ја отворивме изложбата на рачни изработки – цијанотипи, изработени од полуматурантите од ООУ „Страшо Пинџур“, во соработка со Зрно Фестивал. Изложените дела ги прикажуваат убавините на нашиот крај, со мотиви директно инспирирани од природата и Вевчанските Извори, пренесени преку специфичната сина естетика на оваа традиционална фотографска…

По патеката на кафеавата мечка

Денешниот ден го поминавме на чист воздух, исполнет со учење, дружење и истражување! Заедно со нашите пријатели – извидници од Белгија и Македонија, реализиравме едукативен хајк во преубавото Заштитено подрачје „Вевчански Извори“ на планината Јабланица. Фокусот на оваа авантура беше една исклучително важна тема: соживотот помеѓу луѓето и дивите животни. Што сè научивме и истраживме […]

Едукативен хајк во соработка со ИО Еквинокс од Штип

Патеките низ Јабланица ни беа училница, а природата – најдобриот предавач. Токму тоа е и идејата на проектот – да создаде генерација млади луѓе кои се еколошки свесни, информирани и подготвени да направат позитивна промена во своето секојдневие. Заедно со извидниците разговаравме за крупните месојади – мечката, волкот и рисот – и нивната незаменлива улога […]

Едукативен хајк во соработка со ИПО Крсте Јон од Струга

Вчера со огромно задоволство бевме домаќини на прекрасен едукативен хајк во рамките на Заштитеното подрачје „Вевчански Извори“. На оваа планинска авантура ни се придружија младите извидници од Белгија и Македонија, кои се во гости кај нашите пријатели од Извидничкиот одред „Крсте Јон“ од Струга. Заедно ја претворивме планината во училница на отворено! Што истражувавме и […]

Програмата за грантови за 2026 година на Еко-свест

Почитувани, Еко-свест ја објавува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Во оваа фаза на програмата, ги покануваме заинтересираните организации да достават концепт за нивната проектна идеја најдоцна до 31 јули. Грантовите треба да бидат насочени кон […]

Учество и излагање на првата конференција за Балканската дивокоза

Учествувавме на Првата интернационална конференција за Балканската дивокоза која се одржа во Коница, Грција. На овој настан го презентиравме нашето истражување за перцепциите на локалното население на Јабланица поврзани со критичниот статус и заштитата на овој вид.

Планинарски марш до Црн Камен

Поглед од врвот кој го одзема здивот! Со огромно задоволство споделуваме дел од прекрасната атмосфера од планинарскиот марш до Црн Камен! Поминавме уште еден ден исполнет со чист планински воздух, неверојатни пејзажи и одлично дружење. Упатуваме огромни честитки до организаторите ПЕД Закамен и ПК Дипсакус за беспрекорната организација и за тоа што уште еднаш нѐ […]

Од Охридското Езеро до Црн Дрим: Весламе за чисти води!

Денеска, водите во Струга беа сведоци на една прекрасна заедничка акција. Учениците и дел од професорите од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ и СОУ „Нико Нестор“ со помош од Спортскиот Клуб Соларис, ги здружија силите и уживаа во кајакарење, чувствувајќи ја моќта и убавината на нашите води. Но, ова не беше само обично дружење. Кајакарењето на […]

Посета на градоначалникот од Струга

Од теренско истражување – директно во кабинетот на градоначалникот. По неколкумесечна напорна работа, теренски обуки на Јабланица, посети на институции и детални анализи во рамки на проектот „Растеме со текот на реките – младите за реките“, ја лоциравме најкритичната точка во нашиот регион: изворите во Шум. Станува збор за главниот извор на вода за пиење […]