7 Август е датум кој не смееме да дозволиме да биде заборавен, напротив – треба достоинствено, гордо и со почит да го пренесуваме неговото значење на идните генерации, зашто непокорот не е само дел од нашето минато – тој е дел од нашиот идентитет. Оваа година, 30 години Општина Вевчани не ги одбележуваме само со […]
Почитувани сограѓани, Со особено задоволство ве информираме дека денес, 30.07.2026 година, успешно беше реализирана испораката на хидрауличен мини багер, набавен преку успешно реализиран проект финансиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а наменет за потребите на Општина Вевчани и ЈП „Еремја“. Оваа современа механизација значително ќе придонесе за поефикасно извршување на…
Магична филмска вечер под ѕвезденото небо! Во изминатите два дена во прекрасната атмосфера на амфитеатарот во Вевчани, беа прикажани македонскиот семеен филм „Стела“, кој со својата топла и емотивна приказна ги воодушеви присутните како и „Приказната за Силјан“ – филм инспириран од македонската народна приказна за Силјан Штркот, реализиран како копродукција со National Geographic, кој […]
🎭 Ден исполнет со детска смеа, игра и забава! Во рамките на „Вевчанско Лето 2026“, денес најмладите уживаа во детската театарска претстава „Далматинко“. Со многу весели моменти, интересни ликови и прекрасна атмосфера, претставата ги израдува најмладите посетители и им подари едно убаво театарско доживување. Благодарност до сите малечки и нивните родители кои беа […]
Почитувани, Дезинсекцијата на возрасни комарци од земја ќе се изврши на 30.07.2026 од 22.00 часот, доколку временските услови не се погодни за активноста таа ќе се спроведе следен ден со поволни услови. Налог за вршење дезинсекција 05-271-13-2026_0001
На 30.07.2026 година во 10:00 часот ќе се одржи 7-та Седница на Совет на општина Вевчани.Решение за свикување на 7-та седница на Советот на Општина Вевчани 08-26-1-2026_0001
Вчеравечер, во Мултикултурниот центар беше отворена изложбата „Синилото на Вевчанските Извори“, на која беа претставени делата создадени на креативните работилници за цијанотипија, реализирани во соработка со Еко-свест Вевчани и Зрно – Фестивал на фотографијата. Им благодариме на сите учесници и партнери што придонесоа оваа изложба да ја спои природата, уметноста и младешката креативност.…
Општина Вевчани најостро го осудува секој чин на вандализам кој се случува и ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на ова дело! Ова е трет пат како овие реквизити се уништуваат од страна на несовесни граѓани и истите нема да останат несанкционирани! Апелираме до секој еден совесен граѓанин кој има сознанија […]
Театарот повторно ја обедини вевчанската публика. Со заслужени овации и силен аплауз беше поздравена претставата „Парите се отепувачка“ во изведба на Народен театар Охрид. Исклучителната актерска игра и безвременскиот текст на Ристо Крле приредија вечер што во Вевчани долго ќе се памети. Голема благодарност до Народен театар Охрид за прекрасното гостување и до сите љубители […]
Во рамките на „Вевчанско Лето 2026“, Ве покануваме на гостувањето на Народен театар Охрид со театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле. Адаптација и режија: Андреј Цветановски Улоги: • Митре – Стрезо Стаматовски • Анѓеле – Филип Кипровски • Мара – Марија Новак • Ката – Адријана Билаловиќ-Тодороска • Софре – Никола Тодороски 15.07.2026 […]