RSS Amplifier

Blog

УХМР

Управа за хидрометеоролошки работи

uhmr.gov.mkSource feed ↗10 posts

Live Last read · last published · next check

Written by

Latest posts

Saves to your Watch queue, to pick up on another day or another device.

Спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, “Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија – Фаза 1“.

На 25.06.2026 година, дел од персоналот на Секторот за квалитет на води при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) продолжи со спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, согласно Стратегијата за надградба на мониторингот и институционалните капацитети за анализа на површинските и подземните води, изработена во рамките на проектот „Програма за […]

СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕД НА ВРЕМЕТО – ЛЕТО 2026

СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕД НА ВРЕМЕТО – ЛЕТО 2026 Прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи се изработени врз основа на анализи од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), Климатскиот форум за Медитеранот, како и други светски прогностички центри. Очекувањата за климатските услови…

Меморандум за соработка помеѓу УХМР и М-НАВ АД Скопје

Денес, Управата за хидрометеоролошки работи потпиша Меморандум за соработка со Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје Овој Меморандум за соработка претставува израз на заедничка волја и заложба за продлабочување на институционалната соработка за реализација на заеднички активности насочени кон…

Потпишан Колективен договор за вработените во Управата за хидрометеоролошки работи

На 27 март 2026 година, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и репрезентативните синдикати потпишаа Колективен договор со кој се унапредуваат правата, условите за работа и социјалната сигурност на вработените во институцијата. Од страна на работодавачот, договорот го потпиша директорот на УХМР, Игор Лазаровски, додека од страна на синдикалните организации учествуваа: Конфедерацијата на…

На 23 Март во Управата за хидрометеоролошки работи се одбележа Светскиот метеоролошки ден и Светскиот ден на водите – 22 Март

На 23 Март во Управата за хидрометеоролошки работи се одбележа Светскиот метеоролошки ден и Светскиот ден на водите – 22 Март. Хидрометеоролошката дејност во Македонија има долга традиција, подолг период на професионална работа и развој, што заслужува искрено почитување. Управата е стратешки важна институција која обезбедува податоци и услуги од суштинско значење за безбедноста, економијата […]

Управата за хидрометеоролошки работи ја зајакнува националната мрежа за мониторинг на водите

Редовниот, континуиран и сеопфатен мониторинг на површинските и подземните води претставува основа за квалитетно и одржливо управување со водните ресурси. Во таа насока, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја унапредува својата техничка и оперативна подготвеност преку набавка на нова современа опрема и две специјализирани возила. Новата опрема значително ќе ги зајакне капацитетите на УХМР…

Play

Реновирање на главните метеоролошки станици Охрид и Штип

Во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција ќе се […]

УХМР започнува целосна реконструкција и енергетска обнова на зградата – 52 години по нејзината изградба!

По повеќе од половина век, зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, проект на архитектот Крсто Тодоровски и изградена во 1973 година, конечно ќе биде модернизирана согласно најновите стандарди за енергетска ефикасност. Објектот ќе помине низ детална енергетска контрола, по што ќе се дефинираат конкретните мерки за негово обновување. Планираните интервенции опфаќаат: поставување топлинска…

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УХМР и Машински факултет – нов чекор кон унапредување на едукацијата, истражувањето и заштитата на животната средина

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски, и деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески, денес потпишаа Меморандум за соработка кој отвора нови перспективи за развој на современи знаења и практични вештини во областите поврзани со животната средина, климатските промени и техничките науки. Со ова партнерство: се зајакнува поврзаноста меѓу науката и…

Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Силни партнерства за прекугранична климатска безбедност на езерата и реките низ Балканскиот Полуостров! Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија 🇲🇰 – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Државниот инспекторат за животна средина и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) и SeaCras 🇭🇷. Овој договор претставува…