RSS Amplifier

News source

SPORTCLUB.mk

СИТЕ СПОРТСКИ ВЕСТИ НА ЕДНО МЕСТО

sportclub.mkSource feed ↗60 articles

Overdue Last read · last published · next check
Last read 3 hours ago, longer than this feed's 1 hour schedule.

Latest articles

Балеба е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува […]

Берокал: Само на фокус на победа во Австрија

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. „Веројатно го имаме најдобриот можен ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на […]

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во Таранто

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден одличен настап на МИ во Таранто, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели, Рустемовски одново се прикажа во одлично светло и успеа да ја покаже својата моќ против ривалот од Албанија, кој доживеа шок по одличната серија удари на нашиот репрезентативец. До победата нашиот боксер стигна со технички […]

Федерер не планира враќање на тенисот

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. […]

Просинечки ја напушти клупата на Киргистан без официјален натпревар

Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири…

Барселона го купи Ливаковиќ од Фенербахче

Доминик Ливаковиќ од Фенербахче се сели во Барселона, но хрватскиот голман нема долго да се задржи на „Ноу Камп“. Каталонските медиуми, објавија дека Барселона ќе плати два милиони евра и уште толку преку одредени бонуси за Ливаковиќ. Планот на челниците, на актуелниот шпански шампион е веднаш да го испратат Ливаковиќ на едногодишна позајмица, бидејќи сезонава […]

Савињо официјално стана играч на Тотенхем

Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти, со дополнителни десет милиони фунти во бонуси. Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА Купот. Тој одигра 84 натпревари за Сити […]

Милер, Хумелс и Зомер купија португалски клуб

Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора. Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра. Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн. Сега веќе […]

Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска

Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате. 🇨🇮 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин. Дијабате […]

Челзи ќе го донесе Камавинга, доколу Енцо замине во Сити

Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“. Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат. Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби […]

Астон вила сака да го потпише Горецка

Астон Вила преговара со Леон Горецка за негов потенцијален трансфер во Премиер – лигата. Германскиот играч за врска ова лето, по осум сезони, го напушти Баерн Минхен и сега како слободен фудбалер преговара со англискиот клуб. Горецка бара околу 7 милиони евра нето-плата по сезона, плус бонус за потпис на договорот кој би можел да […]

„Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал Палас. Победата на „карамелите“ ја најави Десбјури-Хол со голот во 42. минута, а печат на триумфот стави Бери со голот во 53. минута од мечот. Големо разочарување […]

Барса без Родри на мечот со Елче, Кансело има право на настап

Новото големо засилување за Барселона, фудбалерот од средниот ред Родри, тренира индивидуално втор ден по ред. Тој доцна започна со предсезонските тренинзи по Светското првенство во 2026 година и затоа нема да игра на првиот натпревар на „блауграна“ во Ла Лига, утре против Елче. Се очекува Родри постепено да ја врати својата форма и да […]

Меси се извлече само со казна за удирање на противнички играч

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, е казнет за своите постапки во ремито 2-2 во регуларната сезона против Филаделфија Јунион. Во втората половина од натпреварот, избувна конфликт помеѓу Меси и играчот од средниот ред на противничкиот тим, Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удри противникот во тилот со отворена дланка, по што двајцата играчи […]

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- […]

Американецот Камерон Гуден потпиша за МКК Куманово

Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, кумановчани ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек […]

ФФМ и Обединетата дијаспора ќе бараат нови таленти со македонско потекло

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските…

Спринт трката во Зандворт за Џорџ Расел

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото […]

(Видео) Дебакл на Манчестер Јунајтед во Хал

Фудбалерите на Хал го победија Манчестер Јунајтед со 2:0 во првото коло од Премиер лигата. Хал ја постигнаа првата победа против Јунајтед во историјата на Премиер лигата. Победата на Хал му ја донесоа централните дефанзивци во првото првото полувреме. Иако Манчестер Јунајтед доминираше во поседот на топката, Хал се бранеше организирано во првото полувреме и […]

Елмас се договори со Аталанта

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој […]

(Видео) Пред својот дом убиен еден од најдобрите Јужноафрикански боксери

Јужноафриканскиот боксер Золани Тете, поранешен светски шампион во две категории, е убиен пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка, во петокот вечерта. Имаше 38 години. Според првите информации од полицијата, Тете пристигнал пред куќата околу 18:30 часот и чекал во автомобилот да се отвори вратата од дворот. Во тој момент двајца вооружени и маскирани напаѓачи […]

Џонс по 16 години го напушти Ливерпул

Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем). „Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата […]

(Видео) Роналдо го постигна 977-от гол во кариерата

Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш постигна гол, покажувајќи дека дури и на 41 година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач беше стрелец во победата на Ал-Наср од 4:0 против Ал-Ријад. Роналдо ги пропушти првите натпревари од сезоната бидејќи се приклучи на тимот подоцна по обврските за Светското првенство. Тренерот Ангелос Постекоглу […]

Јувентус го испрати Ди Грегорио во Борнмут

Голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио (29), се сели во Борнмут, каде што ќе игра на позајмица оваа сезона. Англискиот клуб ќе има право да го откупи неговиот договор за сума од 14 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми. Ди Грегорио ја напушта Серија А со учинок од 133 натпревари во кои примил 141 гол и […]

Доби суспензија од два меча за гол со рака кој судијата го призна (ВИДЕО)

Напаѓачот на англискиот второлигаш Вест Бромвич, Ауне Хегебо, доби контроверзна суспензија од два натпревари поради „успешна измама на судија“ за време на победата на неговиот тим од 2-1 над Норич Сити во саботата. Во 75 минута Хегебо го отвори резултатот откако постигна гол од непосредна близина. Сепак, снимките покажаа дека норвешкиот напаѓач го реализираше центаршутот […]

Жозе Мурињо потпиша уште еден фудбалер

Жозе Мурињо по пауза од 13 години повторно седна на клупата на Реал Мадрид Португалецот потенцираше дека едвај чека да започнат возбудувањата во првенството. „Се заморив од пријателски натпревари, сакам да започне она вистинското, натпреварувачкиот дел. Никој не го сака фудбалот поради пријателските средби „Еспањол има одличен тим и сигурно имаат амбиции за утрешниот меч […]

Започна ЕП за одбојкарки

Стартуваше Европското првенство во одбојка за жени и ќе трае сè до 6 септември 2026 година.Ова е 34-то издание на престижниот континеталниот турнир, кој за првпат се одржува во парна година по промените во календарот на Светската одбојкарска федерација. Натпреварите се играат во четири држави: Турција (Истанбул), Чешка (Брно), Азербејџан (Баку) и Шведска (Гетеборг). Учествуваат […]

Милан Лазаревски се враќа на ракометните терени

Македонскиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените. Поради повреда на рамото, вардаровиот пикер беше надвор од терените. Лазаревски успешно ја заврши рехабилитацијата, на голема среќа не станува збор за нешто посериозно. Тој поради истиот проблем претходно една година беше надвор од терените.

Никола Караколев потпиша за Соколи Штип

Соколи Штип продолжува со создавање на на респектабилен ростер. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен. „Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона! Подготвен за новите предизвици и максимално […]

Клеј Томпсон го напушти Далас и се сели во Мајами

Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами. Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит. Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис. […]

Де ла Фуенте добива нов договор до 2030 година

Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот. Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година. Токму тогаш […]

РК Вардар е прв финалист на турнирот „Крсте Андоновски“

Актуелниот македонски ракометен првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и се пласираа во финалето на турнирот. Гогов запиша 13 одбрани, додека Да Силва имаше шест погодоци, еден помалку постигна Љевар.

ПФЛ: По еден бод за Скопје и Тиквеш

Првиот натпревар од 4.то коло од Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Тиквеш одигран попладнево заврши без победник 1:1. Домашниот тим дојде до водство во 34.минута со голот на Антонио Божиноски, а гостите изедначија во 70.минута од пенал преку Н’Фали Сила. За Скопје ова е втор бод, додека Тиквеш има седум. Вториот дуел од денешната […]

Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона.

Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Оваа информација ја пренесоа најрелевантните медиуми што ги следат настаните на фудбалскиот пазар. Каталонскиот „Спорт“ беше убедливо најпрецизен во презентирањето на деталите за трансферот, откривајќи дека Барселона сега бара клуб каде Ливаковиќ ќе ја помине сезоната што е можно подобро за да се врати на Камп Ноу следното […]

УЕФА и Конкакаф преговараат за заедничка Лига на нации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година. УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата […]

Червар: Секогаш работиме за да бидеме подобри од вчера

Пред РК Е.Пелистее се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде тренерот на Битолчани Лино Червар. „Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да […]

Мозес Рајт за Македонија на мечот против Австрија

Селекторот на машката сениорска репрезентација кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА прозорец, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, во рамките на првото коло […]

Арсенал го официјализира трансферот на Конса

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам […]

Синер нема да игра на Ју-ес опен

Јаник Синер потврди дека нема да игра на претстојниот Ју-ес Опен, поради проблем со десното колено. Италијанецот минатата сезона ја освои титулата. Синер се обиде да се подготви за последниот Гренд слем турнир во сезоната и тренираше во Монте Карло во изминатите неколку дена, но тој и неговиот тим проценија дека сè уште не е […]

(Видео) Паредес казнет со 10, Молина со седум натпревари, поради дивеење по финалето на СП

Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). dobivaj vesti na viber Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари. Паредес […]

Алварез може да си оди, но не во Барселона

Сагата околу Хулијан Алварез трае цела лето. Играчот сака да оди во Барселона, но Атлетико не му дозволува. Сега во приказната влезе англискиот првак, Арсенал. Хулијан Алварез, во текот на Светското првенство јавно побара од Атлетико да го пушти во Барселона. Каталонците, наводно биле подготвени да платата меѓу 100 и 120 милиони евра. Атлетико нема […]

Српски фудбалер уапсен во Португалија со кокаин вреден над 70 милиони евра

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата, бил уапсен во Португалија, откако полицијата го запре во комбе на автопатот А6. Во возилото биле пронајдени повеќе од еден и пол тон кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, и воено оружје. Акцијата е дел од операцијата против таканаречениот Балкански картел, пишува „О […]

Црвена звезда ќе добие нов напаѓач чија вредност на „Трансфермаркт“ е 15 милиони евра

Црвена звезда, вчера, направи голем чекор кон пласман во главата фаза, во Лигата на Европа, а во текот на денот треба да добие големо засилување во нападот. На домашен тере, српскиот првак ја победи Викторија Плзењ со 3:0, во првиот плеј-оф натпревар. Сенегалскиот напаѓач Бамба Дијенг ќе потпише договор со Црвена звезда, најверојатно до јуни […]

Брајтон одби 60 милиони евра за Минтех

Ливерпул му испрати на Брајтон понуда вредна околу 58 милиони евра за Јанкуба Минтех (22). Челниците на Брајтон експресно ја одбиле понудата, објавија „Гардијан“ и „Тајмс“. Гамбискиот интернационалец е отворен за преселба на „Енфилд“, па се очекува Ливерпул да испрати нова понуда. Според „Трансфермаркт“, Минтех вреди 45 милиони евра. Ливерпул бара двајца нови крилни играчи […]

Меси по истрага на МЛС лигата

Лионел Меси е под истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС поради дуелот со Квин Саливан за време на натпреварот Интер Мајами-Филаделфија Јунион, кој заврши 2:2. Капитенот на Мајами се соочува со казна бидејќи беше снимен како удира противнички играч во задниот дел од главата. Средбата помеѓу Мајами и Јунион беше многу напната, а […]

Џентлменски потег на играчите на Брајтон, го наградија своите навивачи

Фудбалерите на Брајтон одиграа нерешено без голови на гостувањето кај Тромсо во Норвешка во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа. Натпреварот го обележа гестот на играчите на Брајтон. Повеќе од 400 навивачи патуваа во Норвешка. Тромсо е оддалечен 2.350 километри до Брајтон. Играчите покажаа дека знаат да го ценат тоа. Решија да им […]

Судењето за смртта на Марадона одложено

Суд во Аргентина ја прекина истрагата за смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона за една недела поради грешка во медицинската документација, објави денес каналот ТН. Рошиштето требаше да продолжи денес, но судијата ја прекина седницата предвреме поради грешка откриена во извештајот за смртта на фудбалерот. Откриено е дека во извештајот се користени резултати од тестови […]

Борбата меѓу Џошуа и Фјури е доведена во прашање

Долгоочекуваниот судир меѓу поранешните светски шампиони во тешка категорија Ентони Џошуа и Тајсон Фјури можеби воопшто нема да се случи. Преговорите се одвиваат загрижувачки бавно, а промотoрот и советник Спенсер Браун призна дека веќе постојат сериозни сомнежи дали двете британски ѕвезди ќе постигнат договор. Спенсер Браун од Голдстар не ја крие загриженостa дека една од […]

Карлос Алкараз потврди дека се враќа и тоа на УСА Опен

Фабрицио Романо, познатиот фудбалски инсајдер, 23-годишниот тенисер Карлос Алкараз ја информираше јавноста дека чекањето заврши. Шпанецот потврди дека ќе ја брани титулата во Њујорк. Седумкратниот гренд слем-шампион пред четири месеци го повреди зглобот на десната рака на турнирот во Барселона, поради што беше принуден без борба да му го предаде мечот од второто коло на […]

Тешка повреда на Нан, го очекува подолга пауза

Најдобриот играч на Панатинаикос, Кендрик Нан, е опериран на коленото. Американскиот бек се повреди на приватен тренинг во САД, каде што заработил повреда на менискусот. Нан во средата, 19 август, бил подложен на оперативен зафат, кој според информациите поминал рутински и без никакви компликации. Сепак, повредата доаѓа во незгоден момент за атинскиот клуб, кој има […]