Рељиќ запрена во четвртфиналето во Таранто
Најдобрата македонска такевондистка Миљана Рељиќ по победата во осминафиналето беше запрена во четвртфиналето од Чаима Туми од Тунис со 2-0.
Рељиќ по стартната победа сега не успеа да дојде до уште еден триумф во категоријата до 57 килограми.
Денеска настап во машка конкуренција имаше и Христијан Симоновски кој во категоријата до 68 килограми загуби од домашниот натпреварувач Денис Барета исто така со 2-0.

Comments
Nothing yet. Say the first thing.
Sign in to join the conversation.