RSS Amplifier

Sport 1 · Aug 21, 2026

Aрсенал силно тргна, новајлијата немаше што да бара во домот на шампионот! (ВИДЕО)

0
Sign in to vote or save

Sport 1

Арсенал на најдобар можен начин го почна походот кон одбрана на титулата во Премиер лигата откако на свој терен вечерва лесно се справи со новајлијата Ковентри кого го совлада со 3-0.

Избраниците на Артета едноставно покажаа дека се поквалитетен противник и не оставија простор тимот на Лампард да се надева на некакво изненадување на првиот натпревар од сезоната.

Резултатот го отвори Каи Хаверц со гол по 15 минути игра, а само седум минути подоцна Букајо Сака се погрижи за 2-0 со што веќе стануваше јасно дека Арсенал ќе ја оправда фаворитската улога.

Не се променија работите многу и во продолжение, Арсенал играше сигурно и го контролираше темпото, а конечниот резултат го постави Одегард во 49-тата минута.

Фото: Arsenal FC

Read the original on sport1.mk

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.