Бројот на студентите на прв циклус студии во Македонија се зголемил за 4.155, односно за 8,2 проценти, во периодот од академската 2020/2021 до 2025/2026 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во академската 2020/2021 година на факултетите и високите стручни школи биле запишани 50.881 студент. Пет години подоцна, во академската 2025/2026 година, нивниот број [...] The post…
Шпанија е земја во фокусот на 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Програмата со современи шпански документарни остварувања беше отворена на 21 август во Куршумли ан, со проекции на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. „Роење птици“ е создаден за време на карантините поради ковид-19. Во филмот [...] The post Шпанија во фокусот на 17.…
Англиските власти планираат да воведат нова основна квалификација за младите што не успеале да ја постигнат потребната оценка на завршните испити по математика и англиски јазик, објави британски „Гардијан“. Одлуката следува откако резултатите покажале дека само еден од седум ученици што повторно го полагале испитот по математика успеал да добие преодна оценка. Кај англискиот јазик, [...] The post…
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв (долга 11 километри), се уништени, оштетени или отстранети на Шар Планина, а кои треба да им послужат за планинарите полесно да го најдат патот во зисмки услови. Како што информираат во здружението за одржлив развој САТ – Скопје, [...] The post Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за…
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2026 година изнесувала 72.785 денари, што претставува зголемување од 6,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, според податоците на ДЗС. Според податоците на Државниот завод за статистика, растот главно се должи на повисоките бруто-плати во секторите „Административни и помошни услужни дејности“, каде што е забележано [...]…
Иако скратената постапка е легитимен механизам предвиден со Деловникот, експертите предупредуваат дека нејзината сè почеста употреба го ограничува просторот за јавна расправа, експертски анализи и навремено информирање на засегнатите страни. Според нив, токму затоа е потребна поголема предвидливост и пошироки консултации при подготовката на законите. Повеќе од половина од законите донесени во…
Краткометражниот игран филм ,,Кучинањата немаат соништа” на младиот Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, најважниот и најголем филмски фестивал во југоисточна Европа. Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, на кои патријархалното наследство не им дозволува да бидат заедно. Филмот е по сценарио, [...] The post…
Летното издание на меѓугенерациската музичка вечер „Игранка“ ќе се одржи вечерва, 21 август, од 20 часот во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“. Со настанот ќе бидат одбележани две години од почетокот на овој концепт. Музичката програма ќе ја предводи DB Classix, диџеј дуо составено од Дарко Марковски и Борис Пауновски. Преку селекција на винилни плочи, тие ќе [...] The post „Игранка“…
Интерактивната уметничка интервенција „Потаму, сонот“, во чии рамки ќе се создава мурал во живо на уметницата Калина Брајковска, ќе започне на 22 август во 18 часот, кај бараките во близина на ФИНКИ и Машинскиот факултет во Скопје. Во создавањето на муралот ќе можат да се вклучат жителите на Карпош и младите, а почетокот на активноста [...] The post Интерактивен мурал на Калина Брајковска ќе се…
Патувачкиот монах и духовен учител Индрадјумна Свами на 20 август гостуваше во Скопје по повод промоцијата на својата книга „Патешествијата на еден монах“, објавена од Издавачкиот центар „ТРИ“. Промоцијата се одржа во Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што авторот ја претстави книгата пред македонската публика и сподели искуства и сознанија стекнати во текот на своите [...] The post Индрадјумна…
Проектот „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning“ „ILMovie“ влегува во една од клучните фази, во која се финализираат едукативните модули и се дигитализираат стари аматерски филмски материјали. Кинотеката на Република Северна Македонија работи на дигитализација и обработка на избрани филмски записи создадени во различни периоди и формати. Материјалите содржат сведоштва за…
Познатата филозофка, авторка и универзитетска професорка Леа Ипи на 24 август ќе гостува во Скопје како добитничка на наградата „BookStar“ за 2026 година. Наградата ќе ѝ биде доделена во 19 часот во „Лабораториум“, на првиот официјален преднастан на 12. издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“. За книгата и за одлуката таа да биде наградена [...] The post Леа Ипи доаѓа во Скопје…
Стапката на невработеност меѓу младите во кинеските градови во јули се зголемила на 17,9 отсто, што претставува највисоко ниво од август 2025 година, покажуваат податоците на Националното биро за статистика на Кина. Според податоците објавени од Ројтерс невработеноста кај младите пораснала за три процентни поени за само еден месец од 14,9 отсто во јуни на [...] The post Невработеноста меѓу младите…
Во издание на „Матица македонска“ е објавена книгата „Сама против Ерос“ од Линдита Ахмети (1973–2024), прв избор од нејзината поезија објавен во книга во препев на македонски јазик по нејзиното физичко заминување. Изборот го приреди Раде Силјан, а препевите од албански на македонски јазик се на Џабир Ахмети и Даут Даути. Книгата започнува со предговорот [...] The post Објавен поетскиот избор „Сама…
Со рекорден број пријавени дела од целиот свет, во Европската куќа во Велес на 19 август беше отворено 23. издание на Меѓународниот салон на стрип и беа прогласени добитниците на наградите „Златен стрип“. Организатор е Стрип-центарот на Македонија, Велес, кој годинава го насочува вниманието кон стрипот како самостојна култура и автентичен „деветти медиум“, без негово [...] The post Доделени…
Отворен е повик за учество во регионалната младинска програма посветена на припадноста и соживотот преку аудиовизуелно раскажување, која ќе се реализира од септември до ноември 2026 година во Скопје, Сараево и Белград. Програмата е наменета за 18 млади по шестмина од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Секој учесник ќе создаде визуелен дневник составен од [...] The post Отворен повик за…
Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“, во организација на здружението „Култура Бета“, вечерва (20 август) гостува во Охрид. Мултимедијалниот настан ќе се одржи во културниот центар „Култ“, со почеток во 20 часот, и ќе обедини литература, документарен филм, фотографија и разговор за современата младинска култура. Во рамките на програмата ќе биде промовиран вториот [...]…
Заминувањето во пензија за многу луѓе не означува само крај на работниот век, туку и губење на општествената улога со која се идентификувале со години. Од активни членови на заедницата, тие неретко стануваат луѓе чие мислење повеќе не се слуша, додека нивното знаење и искуство остануваат неискористени. Атанаско Ѓорѓиев организатор на настани за социјализација на [...] The post (ИНТЕРВЈУ) Атанаско…
Од 2013 до 2022 та , на ниво на државата, повеќе од 91 % од анализите на примероците покажале дека водата за пиење била исправна. Од друга страна алармантни податоци дека голем процент на станови сеуште се надвор од јавната канализациона мрежа, пишува Порталб. Голем дел пак од оние што имаат одвод, тој не води до колекторски [...] The post АНАЛИЗА: Каква вода пиеме и како ја „чуваме“, повеќе од…
Седумнаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албанскиот театар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан, со проекции на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео [...] The post „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27…
Еден од најпознатите анимирани јунаци, Којотот, се враќа на големото платно во играно-анимираниот филм „Којотот против системот“, кој од 3 септември ќе се прикажува во кината низ земјава. По безбројните неуспешни обиди да ја фати Брзата птица итрица со помош на производите на корпорацијата „Акме“, Којотот решава правдата да ја побара пред суд. Тој го [...] The post „Којотот против системот“ од 3…