RSS Amplifier

Blog

ПУБЛИКУМ

Вистината на прво место

publikum.mkSource feed ↗21 posts

Overdue Last read · last published · next check
Last read 3 days ago, longer than this feed's 1 hour schedule.

Latest posts

Се снима нов македонски трилер „Голиот Рид“ во режија на Игор Алексов

Неодамна започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на City Star Production, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“, кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото …

Филипче: Бараме интервентна мерка – целото црно грозје што ќе остане непродадено да го откупи државата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на средба со лозарите од Тиквешкиот регион порача дека Владата на Мицкоски повторно ги остава лозарите сами да се борат со зголемените трошоци и понижувачките откупни цени, поради што СДСМ меѓу другите мерки, ќе побара и интервентна мерка за целосен откуп на црното грозје што ќе остане непродадено. …

Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ – започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски ја започна предизборната кампања без ниту еден резултат во ниедна област. Економија, земјоделство, здравство, образование, дипломатија – баш ништо. Народот едвај крпи крај со крај. Потрошувачката кошница чини околу 70.000 денари, а минималната плата е 26.000 денари. Индустријата е во пад. Мицкоски веќе претрпе пад на гласови на …

Досега има 43 случаи на западно-нилска треска, во ЦЈЗ велат дека касно е во мај и јуни да се прска против комарци

Вкупно 43 случаи на западно-ничска треска се евидентирани досега во рамки на епидемијата на болеста. Од нив 40 се потврдени, а три од случаите се потврдени со само еден тест. Регистрирани се први случаи во скопските општини Центар и Чаир. „Во тој дел толку започна контролата на птиците. Имаме прва лоцирана мртва птица со западно-нилска …

СДСМ ПРИЛЕП: Без срам и перде, Мицкоски и во Прилеп ги раскажуваше бајките за невидените успеси на „третата економска сила во Европа“

Реакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Прилеп Денешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“. Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои …

Филипче: Мицкоски да им се извини и на граѓаните за 5-те години ширење лажни вести за модуларната болница

Мицкоски да им се извини и на граѓаните за пет години ширење лажни вести за модуларната болница, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по одлуката на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните болници, нагласувајќи дека институцијата јасно утврдила дека нема злоупотреба на службената должност и нема штета на …

Најсилен Ел Нињо може да ја направи 2027 рекордно топла

Овогодишниот Ел Нињо е на пат да стане најсилниот регистриран досега, со потенцијал да предизвика екстремни временски услови ширум светот и значително да ги зголеми глобалните температури, поради што 2027 година би можела да стане убедливо најтоплата година во историјата на мерењата. Во комбинација со долгорочните климатски промени предизвикани од човековите активности, овој привремен климатски…

ИЈЗ со препораки за заштита од чадот од пожарите

Институтот за јавно здравје потсетува дека пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје, не само за населението во непосредна близина на пожарите, туку и за лицата кои се наоѓаат на поголема оддалеченост. Загадувачките материи од чадот можат да се пренесуваат на големи растојанија и да влијаат врз квалитетот на воздухот. Како што посочуваат …

Јапонија изврши смртна казна по повеќе од една година

Во Јапонија, за првпат по подолго време, погубен е маж осуден на смрт поради убиство. Министерот за правда Хироши Хирагучи соопшти во Токио дека пресудата е извршена. Егзекутиран е 58-годишен маж, кој беше осуден на најстрогата казна за убиство на пет лица во подметнат пожар во играчница во градот Осака, во западна Јапонија во 2009 година. …

СДСМ: Мицкоски не се откажува од намерата за купување нов авион за Владата

Соопштение за јавност на СДСМ Третата економија во Европа нема пари за плата, има за авион. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека. Сериозна …

Србија: Вучиќ најави предвремени избори во октомври

По повеќемесечните антивладини протести, Србија ја очекуваат вонредни избори во октомври. Претседателот Александар Вучиќ, во телевизиско обраќање во четвртокот вечерта, ги спомена 18 или 25 октомври како можни датуми. На 27 јуни, по околу година и половина антивладини протести, Вучиќ изјави дека ќе се повлече од функцијата во рок од неколку недели за да го отвори патот за вонредни парламентарни …

Дали житото ќе остане на украинските полиња?

Руските напади врз цивилни бродови во голема мера ги парализираа пристаништата во поширокиот регион на Одеса. До 90 проценти од украинскиот извоз на земјоделски производи претходно се одвиваше преку овие пристаништа. За да може да продолжи извозот, украинската влада работи на алтернативни транспортни рути преку шини, улици и водни патишта, а во тек се и …

Хрватска најавува построги казни за екоцид

Хрватска ќе го воведе екоцидот како ново кривично дело во Кривичниот законик, а за најтешките случаи ќе бидат предвидени значително построги затворски казни, вклучително и можност за доживотен затвор. Ова го соопшти министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан. Воведувањето на екоцидот е дел од усогласувањето на хрватското законодавство со европската…

Филипче: Животот на најтешко болните е загрозен поради нефункционирање на ПЕТ центарот

Скандалозно е што ПЕТ центарот не работи веќе два и пол месеци, со што на стотици најтешко болни пациенти им е оневозможена потребната дијагностика и им е загрозен животот поради неспособноста на власта на Мицкоски и министерот Клековски, обвини претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „ПЕТ центарот е институција која што третира, …

Второ апсење за саботажата врз гасоводот „Северен тек“

Истражители во Хрватска уапсиле втор осомничен во потрагата по сторителите кои во септември 2022 година ги разнесоа цевководите „Северен тек“, јавува првата германска програма АРД. Се верува дека Украинецот Володимир С. бил еден од нуркачите кои на длабочина од 80 метри ги прикачиле експлозивите на цевководите во Балтичкото Море до каде што дошле со едрилица. …

Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. …

Филипче: Мицкоски живее во свој свет, граѓаните со празни паричници

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на …

Дали Турција е следната мета на Нетанјаху?

По повеќе од две години воени напади врз непријателите на Израел низ Блискиот Исток, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со тешка изборна трка за реизбор, сѐ повеќе го насочува вниманието кон уште еден, според него, противник – Турција. Во вторникот, израелски воени авиони бомбардираа база во северна Сирија, на кратко растојание од турската граница. …

„Безбеден град“ создаде километарски гужви на Табановце

На граничниот премин Табановце меѓу Северна Македонија и Србија изминативе два дена се забележуваат долги редици и километарски колони од возила, откако започна практичната примена на механизмот за наплата на казни за странски возачи регистрирани од системот „Безбеден град“. Голем дел од возачите кои се враќале од одмор во Грција биле запрени на излез од државата за …

Жесток руски напад врз Киев: неколку загинати

Русија повторно изврши масивен напад врз украинскиот главен град Киев. Според информациите на градоначалникот Витали Кличко, најмалку дванаесет лица загинале, а уште преку 20 се повредени во нападите врз градот. Во повеќе делови на Киев биле оштетени станбени згради и други објекти. Кличко преку Телеграм соопшти дека од ударниот бран се искршени прозорците на детска …

Вучиќ се закани со пренасочување на Ибар: Сила или немоќ?

Притисокот врз српската заедница на Косово и мерките на Приштина предизвикаа незадоволство во Белград, а како еден од можните одговориАлександар Вучиќ ја спомена можноста за промена на текот на реката Ибар. Како што изјави, во таков случај „ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат“. Водниот систем Ибар-Лепенац има стратешко значење за снабдувањето на Косово со …