RSS Amplifier

News source

OhridPress

Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

ohridpress.com.mkSource feed ↗47 articles

Overdue Last read · last published · next check
Last read 23 hours ago, longer than this feed's 1 hour schedule.

Written by

Latest articles

Почина ѕвездата на кантри музиката, легендарната Dolly Parton

Нешвил, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 80-годишна возраст, почина ѕвездата на кантри музиката, легендарната Dolly Parton, објави нејзиното семејство. Таа беше американска кантри икона, пејачка-текстописец, забавувачка и претприемачка, позната по својот уникатен талент, силна личност и животна приказна што ја одведе од сиромаштија до светски успех, пишува „Њујорк тајмс“. Ѕвездата на кантри…

МВР регистрира 59 прекршоци од возачи на електрични тротинети на подрачјето на СВР Охрид за месец и половина

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Речиси 1.000 прекршоци од возачи на електрични тротинети за месец и половина регистрирала полицијата во акциски контроли, од кои 59 на подрачјето на СВР Охрид. Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, согласно […]

Вокално инструменталниот состав „Билјана“ наскоро ќе го одржи традиционалниот годишен концерт

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во понеденик, на 7 септември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав „Билјана“. – Оваа година, по петнаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа […]

Лазаровски: Реновиран е објектот на УХМР во Охрид

Скопје/Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) добива современи лабораториски, метеоролошки и хидролошки капацитети, со инвестиции реализирани во изминатите две години. Во рамки на ИПА-проектот за Секторот за квалитет на води е набавена современа лабораториска опрема во вредност од 671.000 евра. Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, информираше дека со…

Црвен крст Охрид и „Тамаро“ со акција за заштита од топлото време

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со превентивните активности, во насока на заштита на здравјето на граѓаните од високите температури. Нивни волонтери повторно делеа шишиња вода на наши сограѓани и гости во Охрид, на „Димитар Влахов“, една од фреквентните улици во градот. – Овој пат, оваа наша активност беше поддржана од […]

Блокада во вода со SUP даски за безбедност и зачувување на езерото и крајбрежјето

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на здружението „Стар Лагадин“, а со поддршка од „Зелена народна стража“, вчера се одржа првата блокада во вода со SUP даски и пренасочување на бродови, глисери, скутери со цел почитување на на законската обврска за одалеченост од 300 метри од брегот. Акцијата продолжи и на брегот со […]

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во петок организиран превоз до селото Скребатно

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, во петок, на 28 август 2026 година, Општина Охрид организира превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во 08:30 часот, од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 09:30 часот. Тргнувањето за назад […]

Лице од Охрид пријавено дека физички нападнал скопјанка, која врз основа на договор, престојувала во куќата

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 24 август 2026 година, во 21:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во својата куќа физички нападнал 40-годишна жена од Скопје, која врз основа на договор, престојувала во куќата. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од […]

Приведен коселчанец кој се однесувал агресивно кон две лица од Охрид и Битола

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 24 август 2026 година, во 18:00 часот во охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од истото село, затоа што агресивно и недолично се однесувало кон две лица од Охрид и Битола, на возраст од 40 и 54 години. – По целосно […]

Охриѓанка пријавена дека со остар предмет се обидела да нападне жена и нејзините три ќерки

Охрид, 25. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 24 август 2026 година, во 17:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, жена од Охрид се обидела со остар предмет да нападне 39-годишна жена и нејзините три ќерки, сите од Охрид. – По целосно […]

Италијанецот Алесио Окипинти и Мајте Ајлен Пука од Аргентина најбрзи на 39 Охридски пливачки маратон

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Алесио Окипинти од Италија беше најбрз на денешното 39 издание на Охридскиот пливачки маратон. Патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, од Свети Наум до Охрид, тој ја исплива прв помеѓу 16-те пливачи, со време од 5 часа, 3 минути и 44 секунди. Окипинти беше најбрз и во 2023 година, […]

Кај Мислешево лишен од слобода охриѓанец кој управувал возило без положен возачки испит

Охрид/Струга, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 август 2026 година, во 01:45 часот на локален пат во струшкото село во Мислешево, лишено е од слобода 55-годишно лице од Охрид. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управува моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички, без положен возачки испит. По насоки […]

Приведен скопјанец кој во апартман во охридско село физички нападнал член на семејството

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 август 2026 година, во 19:10 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Скопје. – Тој во изнајмен апартман физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) […]

Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повреден 56-годишен охриѓанец

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 август 2026 година, во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишник од Охрид, излетало од патот и се превртело. – Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната […]

Започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во ЦОУ „Ванчо Николески“ во населбата Лескоец, крај Охрид, со пригодна програма на учениците, вчера започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Ја организира Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, додека на годинешното издание учествуваат млади поети и поетеси од Република […]

SUPER Fresh Music: Quavo – Trance (Walk It Down)

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Quavo го претстави новиот сингл „Trance (Walk It Down)“, втор од претстојниот албум „QRÖMELIFE“, проект на американскиот рапер кој доби посебно внимание од публиката и поради учеството на Pharrell Williams, кој ја работеше комплетната продукција на албумот. Со „Trance (Walk It Down)“, Quavo се насочува јасно кон клубовите и […]

SUPER Fresh Music: Luis Fonsi – Me Despido

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Порториканскиот пејач Luis Fonsi, со новиот сингл „Me Despido“ се свртува кон бачата, користејќи го препознатливиот ритам на жанрот како основа за приказна за крајот на една љубовна врска. „Me Despido“ е песна за тој тежок момент кога двајца луѓе сè уште имаат чувства еден кон друг, но знаат […]

Охрид е СУПЕР… секој ден 22.08.2026 година, плажа „Горица 3“ Охрид, Република МАКЕДОНИЈА

Охрид, 22 август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е СУПЕР… секој ден 22.08.2026 година, плажа „Горица 3“ Охрид, Република МАКЕДОНИЈА.

Поголеми оштетувања на оградата на детскиот парк во центарот на градот (Фото)

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Детскиот парк во склоп на Градскиот парк во центарот на градот, и понатаму е во лоша состојба. Оградата е оштетена на повеќе места, слична состојба е и со дел од подлогата. Станува збор за едно од омилените места за забава на најмладите, кое има оштетувања, пред се поради „делата“ […]

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 22.08.2026, кеј „Македонија“, мало пристаниште (Видео)

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, на потегот по кеј „Македонија“ и кај малото пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил […]

Вечерва незаборавно винско доживување на „Долни Сарај“: Време е за „Above the lake III“

Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на Долни сарај, ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the lake“, уште едно незаборавно винско доживување за вистинските познавачи. – Време е за винскиот салон во август, Above the lake (3rd edition). Придружете ни се на незаборавно винско доживување. Откријте врвни вински етикети, запознајте ги винариите […]

Започнаа годинешните археолошки ископувања на Самуиловата Тврдина

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа годинешните археолошки ископувања на Самуиловата Тврдина, информираат од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Целта е доистражување и ревитализација на целиот простор, а раководител на проектот е архелог, виш кустос Анатоли Арнаудоски. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република […]

Животот е прекраток за да се пие лошо вино: Лето 2026-то, лето на врвните вина на винаријата „Поетика“ во Охрид

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Животот е прекраток за да се пие лошо вино, порачуваат од винаријата „Поетика“ од Кавадарци, од каде по охридската промоција на нивните врвни вина, продолжуваат да ги презентираат на пазарот во Охрид, каде веќе си го наоѓаат својот пат до љубителите на пијалокот на Боговите. Нивните вина се совршен спој […]

Утре ќе се одржи третото издание на „Above the lake“, незаборавно винско доживување

Охрид, 20. августи 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утре, на Долни сарај, ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the lake“, уште едно незаборавно винско доживување за вистинските познавачи. – Запомнете го датумот, вински салон во август, Above the lake (3rd edition). Придружете ни се на 22 август на незаборавно винско доживување. Откријте врвни вински етикети, […]

Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Македонија во посета на Црвен крст Охрид, се сретна со претседателката Весна Терзиоска

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Република Македонија, во средата оствари посета на Црвен крст Охрид, каде се сретна со претседателката Весна Терзиоска. – Средбата беше одлична можност за дискусија за услугите што Црвен крст Охрид секојдневно им ги пружа на граѓаните на општините Охрид и Дебрца. Исто […]

Приведено лице од струшко село кое се однесувало агресивно кон членови на семејството

Струга, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 20 август 2026 година, во 13:30 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 32-годишно лице од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и агресивно се однесувал кон членови на семејството. – По целосно документирање […]

Кривична пријава за лице од Битола кај кое полицијата пронајде таблета MDMA, која се обидел да ја фрли и уништи

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци ипрекурсори“ и „спречување на докажување“. – При преглед кај него, извршен на паркинг простор во Охрид на 3 август, во […]

Охрид е подготвен за 39 издание на Охридскиот пливачки маратон

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По 39 пат, утре во Охрид ќе е одржи најстарата и најмасовна пливачка манифестација во државава, Охридскиот пливачки маратон. Патеката „Климе Савин“ долга 25 километри ќе ја препливаат 16 пливачи, 11 во машка и 5 во женска конкуренција. Стартот е закажан за 11:00 часот кај Св. Наум, а целта […]

Промовирани делата „Славе Катин-живот и дела“ и „Патувања околу светот“ од Славе Катин

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, вчера беа промовирани делата „Славе Катин-живот и дела“ и „Патувања околу светот“ од Славе Катин, со што беше одбележан големиот јубилеј, 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски-Катин. Промотори беа новинарот и […]

Младите охридски таленти Срна Попова и Наум Љатко освоија признанија на интернационалниот фестивал Musicland

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Охридскиот детски хор „Бамбино“, Срна Попова и Наум Љатко, заедно со нивниот ментор и уметнички раководител на хорот, м-р Снежана Караџовска-Попова, освоија признанија на 26. издание на Интернационалниот музички фестивал Musicland, кој се одржува во Струга од 17 до 29 август. На овој престижен меѓународен музички фестивал […]

ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид за петок, 21.08.2026 година (Видео)

Охрид, 21 август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Најновите вести од Охрид за петок, 21 август 2026 година на интернет порталот OhridPress, водечкиот информатор во регионот. извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

SUPER Fresh Music: Natasha Bedingfield – Dot Dot Dot

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од две децении по нејзиното деби со „Unwritten“, Natasha Bedingfield се враќа со нов материјал, претставувајќи го синглот „Dot Dot Dot“, песна која го означува рестартирањето на нејзината кариера на лично ниво, во време кога нејзината музика повторно доживува голема привлечност, особено кај помладата публика. Британската кантавторка номинирана […]

Супер талентираната Дина Јашари е автор на музиката за филмот „Лефти и Рајти“

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика […]

Заврши 66 издание на фестивалот „Охридско лето“

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИПРЕС) – Со изведбата на мјузиклот „Као какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, синоќа беше свечено отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“. Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на […]

Значителен пад на водостојот на Охридското Езеро, моментално е на само 7 сантиметри над просекот за август

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Значителен пад на нивото на водата во Охридското Езеро, за десет дена е намалено за 14 сантиметри. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,53 м.н.в, што е за само 7 сантиметри над просечното просекот за август (693,46 м.н.в) и 43 сантиметри над минимално дозволената кота […]

На еден ден пред маратонот, почина Ристе Савин, еден од најпознатите охридски пливачи

Охрид/Скопје, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 80-годишна возраст, утрово во Скопје почина Ристе Савин, еден од најпознатите пливачи и спортски работници од Охрид. Роден е во 1946 година во Охрид, како еден од тројцата браќа, пливачи, ватерполисти и маратонци – Јонче, Климе и Ристе. Маратонската патека со должина од 25 километри, од Свети Наум […]

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 21.08.2026, кон Велестово, над „Мегдани“ (Видео)

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на патот кон Велестово, над „Мегдани“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек […]

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информираат јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни SMS пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден […]

In memoriam: Почина Виолета Величковска, професорка во ООУ „Братство Единство“

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со длабока тага ги известуваме учениците, родителите и целата јавност за ненадејната смрт на нашиот почитуван професор по математика и информатика Виолета Величковска, која својот работен век го посвети на образованието и воспитанието на бројни генерации ученици, информираат од ООУ „Братство Единство“ од Охрид. – Нејзиниот придонес кон училиштето, […]

ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид за четврток, 20.08.2026 година (Видео)

Охрид, 20 август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Најновите вести од Охрид за четврток, 20 август 2026 година на интернет порталот OhridPress, водечкиот информатор во регионот. извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

Црвен крст Охрид: Во понеделник ќе се одржи „Штафетно нуркање за мир“

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на годинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026, Црвен крст Охрид го најавува меѓународниот настан „Штафетно нуркање за мир“. Станува збор за пливање под вода – нуркање на здив, во должина од 25 метри, кој ќе се одржи на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ […]

Локализиран пожарот на депонијата „Буково“

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Eкипи на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид и соодветен тим на Територијалната противпожарна единица од Охрид го локализираа пожарот што избувна на депонијата „Буково“. – Екипите беа постојано на терен и активно работеа на гаснење на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Дополнително, на депонијата е направен пресек […]

Повеќе од 40% од музиката објавена во јули била создадена со помош на вештачка интелигенција

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Резултатите од нова студија, покажаа дека повеќе од една третина од музиката објавена во јули 2026 година била идентификувана како материјал генериран или потпомогнат од вештачка интелигенција. SubmitHub, услуга што им помага на уметниците да објавуваат музика на плејлисти и блогови, анализираше повеќе од еден милион изданија од месецот […]

Утре започнува 8 Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

Охрид, 20. август 2026 – Во организација на Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, и годинава, од 21 до 23 август 2026 година, по осми пат, ќе се одржи единствената, од таков карактер манифестација кај нас, Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ – 2026. Свечено отворање, по традиција, е закажано […]

SUPER Fresh Music: Deep Forest – Burundi Suite

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните Deep Forest повторно се враќаат на светлата на сцената со новиот сингл „Burundi Suite“, и продолжуваат да го откриваат карактерот и музичкиот идентитет на нивниот претстоен албум „Soul“. „Burundi Suite“ е сериозно патување низ ритам, гласови и електронски текстури, при што традицијата се среќава со препознатливиот звук што […]

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 20.08.2026, плажа „Канео“ (Видео)

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажа „Канео“, во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на […]

Здравје: Чиа семе или овес – што е подобро за здравјето на дигестивниот систем?

Охрид, 20. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – И чиа семето и овесот се познати по своите придобивки за здравјето на дигестивниот систем. И двете содржат влакна и други соединенија кои го поддржуваат дигестивниот систем и ги хранат корисните микроби во вашите црева. Сепак, кога се прашувате кое да го изберете за појадок, корисно е да ги […]