БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Настанот, кој се одржа на Градскиот стадион во Крива Паланка, ги обедини рударите и тимовите од „Тораница“ и „Злетово“. На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги […]…
Во објектот „Панорама“ при ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ во Општина Центар се гради нов армирано-бетонски потпорен ѕид, со кој треба да се стабилизира земјиштето и да се спречат понатамошни ерозивни процеси, пренесе МИА. Од Општина Центар информираат дека конструкцијата е проектирана според конфигурацијата на теренот и се изведува во шест одделни кампади. Ѕидот, заедно со […] The post Се гради нов потпорен…
Силните институции и одговорното управување со јавните средства се клучни за довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од главните механизми за обезбедување контрола, отчетност и спречување неправилности, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пренесе МИА. Таа во објава на Фејсбук ги истакна двата значајни чекора преземени во изминатиот период – унапредувањето на соработката…
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстранил две артилериски гранати од 75 и 155 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна. Неексплодираните убојни средства биле пронајдени во атарот на селото Мегленци, во општина Новаци, во предел што пред неколку дена бил зафатен од мариовскиот пожар. Од ДЗС информираат дека гранатите биле изложени […] The post…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД постигнале договор со Венецуела со кој ќе добијат мнозинска контрола врз повеќе од 65 милијарди барели докажани нафтени резерви во земјата. Трамп договорот го опиша како „најголем договор за нафта во историјата на светот“. Според него, преговорите биле водени по негови насоки од државниот секретар Марко Рубио, министерот […] The post Трамп:…
Најмалку 623 лица загинаа во поплавите што го погодија пограничниот регион меѓу Непал и Кина, соопштија денеска властите на двете земји. Во Непал се пронајдени 616 безживотни тела, додека во Кина бројот на загинати се зголеми на седум. Повеќе од една третина од телата пронајдени во Непал биле откриени десетици километри од главната зона на […] The post Над 600 жртви во поплавите во Непал и Кина,…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 10 август 2026 година потпиша извршна наредба со која се поддржува нов пристап кон препораките за детска вакцинација. Со одлуката се намалува бројот на заболувања за кои се препорачува универзална вакцинација на сите деца – од досегашните околу 17–18 на 11, пренесе МИА. Новиот список опфаќа вакцини против морбили, заушки, […] The post САД го намалуваат…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, го истакна потенцијалот на Северна Македонија да се позиционира како важна влезна точка кон европскиот пазар за израелските туристи, компании и инвеститори, пренесе МИА. Во рамки на неговата прва посета на Израел како министер, Муцунски посебно ја издвоил […] The post…
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во одредени подрачја ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невремиња со обилен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури […] The post Сончево и топло време, попладне локални…
Втора олимпијада на хуманоидни роботи во Пекинг, НР Кина Додека вниманието на светот традиционално е насочено кон човечките атлетски способности, еден поинаков вид натпреварување тивко ги редефинира границите на физичките достигнувања. Вторите Светски игри на хуманоидни роботи (WHRG), кои неодамна завршија во Пекинг, понудија восхитувачки поглед кон нашата автоматизирана иднина. Овие игри имаат…
Износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а според сите параметри и сознанија ќе биде 3 до 3,5 проценти, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. – Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи […] The post Износот на порастот на пензиите според сите параметри ќе биде…
Преговорите за мир меѓу Русија и Украина и понатаму се на пауза, а „нови идеи“ за нивно продолжување не се појавиле, објави турската агенција „Анадолија“. – Темата за мировни преговори – да, таа во моментов е на пауза и нема нови идеи – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Украина добро ги знае […] The post Песков: Преговорите меѓу Русија и Украина остануваат на пауза…
Европската Унија соопшти дека одобрила 2 милиона евра хуманитарна помош за заедниците погодени од катастрофалните поплави во Непал, во кои загинаа над 300 лица. Средствата се наменети за итни потреби – храна, здравствена заштита, чиста вода и санитација. – Оваа итна помош ќе помогне да се одговорат на непосредните потреби на заедниците погодени од катастрофата […] The post ЕУ издвојува два милиона…
Во рамки на својата долгогодишна традиција, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август, Денот на рударите. Членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, ја истакнаа непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и испратија пораки […] The post РЕК…
„Живи рани, мелем песни“ е поетската збирка од Габриела Стојаноска, што беше промовирана синоќа во Прилеп. Се работи за прва поетска збирка на авторката, што ја промовираше писателката Оливера Андоноска, која посочи дека „Живи рани, мелем песни“ од Габриела Стојаноска е дом. – Збирката е дом во кој можеме да се стутулиме со целиот свој […] The post Промовирана збирката „Живи рани, мелем песни“ од…
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Македонското друштво „Илинден” – Тирана денеска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници. – Дозволете ми во мое лично име и во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци […] The post Македонско друштво…
Полициската управа во Копер соопшти дека меѓу загинатите три лица во сообраќајната несреќа на автопатот Приморје во Словенија, две се деца на возраст од четири и 11 години, а третата жртва е 74-годишна жена. Повредената 33-годишна жена е однесена во болница со хеликоптер, а 39-годишниот возач со амбулантно возило, соопшти Полициската управа во Копер, пренесе […] The post Македонските државјани кои…
Православната Црква на 15 август, по стариот календар, или на 28 август, по новиот календар, го празнува Успението на Пресвета Богородица, празнично се сеќава на нејзината земна смрт, односно нејзиното блажено „заспивање“ – „успение“, а истовремено и на нејзиното воскресение, т.е. станување од мртвите, и пренесување на небото. Во Скопје, верниците кои останаа тука за […] The post ФОТО: Скопјани го…
До 13:00 часот, денеска, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Сарај: село Копаница (ниска вегетација); Општините Гостивар и Македонски Брод: село Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и […] The post Седум активни пожари во…
Неготинец во полиција пријавил измама од 280.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 12:40 часот во ОВР – Неготино, 66-годишен неготинец пријави дека бил измамен од машко лице за сума од 280.000 денари. Според пријавеното, тие усно се договориле пријавителот од септември 2025, да биде работно ангажиран за […] The post Неготинец во полиција пријавил измама…
Уапсени се тројца хакери, спречени се нови напади и продажба на украдени државни податоци на Даркнет во најголемата истрага за рансомвер во историјата на регионот, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Српската полиција идентификуваше и уапси тројца членови на хакерската група „INF Group“, што е поврзана со голем број високопрофилни софтвери за уцена, таканаречениот рансомвер […] The…
Основниот суд во Прилеп определи 30-дневен притвор за 48-годишо лице кое е осомничено за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. -Определен е максимален притвор од 22 август – велат од Основниот суд во Прилеп. Обвинителот Стевчо Биноски од ОЈО Прилеп изјави дека прилепскиот суд го прифатил нивното барање за определување на […] The post Притвор за осомничениот за силувањето на…
На јубилејното десетто издание на Интернационалниот фестивал „Кирилица“ во Будва и неговото свечено отворање, на кое присуствуваа бројни гости од различни европски и светски метрополи, првите две фестивалски вечери беа посветени на македонскиот писател со светско реноме, Јордан Плевнеш. На 24 август, на познатиот Плоштад меѓу трите цркви – митско место на вековната историја на […] The post Триумф…
Државниот пазарен инспекторат на терен ги контролира правните субјекти и трговците, дали се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата, со која ги задолжи да ги намалат цените на училишниот прибор најмалку за 10 проценти во трговијата на големо и најмалку за 15 проценти во трговијата на мало, која се применува од 25 овој месец. […] The post Пазарните инспектори проверуваат дали трговците го…
Русија би можела да ги нападне британските воени цел во и надвор од Украина како одговор на украинските напади врз Русија со британски крстосувачки проектили со долг дострел, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе „Ројтерс“. -Постојано предупредувавме дека сите британски воени објекти и опрема во Украина и надвор од […] The post…
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изградба на дата-центрите, истакна дека светот ова ќе го развива и прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот ако сакаме да се развива државата, затоа Владата останува на оваа стратегија, но сè што се прави ќе биде јавно и транспарентно. Притоа додаде дека во моментот се […] The post Мицкоски: Ова е новата нафта, остануваме на…
Поранешниот генерал на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, почина на 84-годишна возраст во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Шевенинген, објавија српските медиуми. Веста за смртта на генералот ја потврди неговото семејство, пренесе „Јуроњуз Србија“. Поранешниот врховен командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска беше осуден од…
Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, изнесува 3.684, и е намален за 3,0 % – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0,6 % во споредба со истото тримесечје […] The post Продолжува негативниот тренд на природниот прираст на…
Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава и нема нови критериуми кога станува збор за пристапување на земјите кандидати кон ЕУ, сега за сега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, по последната изјава на високата претставничка на ЕУ, Марта Кос, за нови пристапни критериуми […] The post Мицкоски: За сега нема нови…
На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дало согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која стопанисува јавното претпријатие до 30 септември, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското […] The post…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Непал, потврди локалната полиција додека околу 600 се сметаат за исчезнати. Денешните снимки од различни делови на земјата покажуваат надојдени води како уништуваат и носат цели згради, а се стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Полицијата објави […] The post Разорни поплави во Непал: Над 150…
Европскиот зелен рак со години прави сериозна штета долж брегот на Нова Англија во САД. Ги уништува морските треви, јаде школки и други морски организми и им создава проблеми на локалните рибари. Сега, наместо само да се обидуваат да го искоренат, сè повеќе луѓе во регионот применуваат необична стратегија – да го стават на менито, […] The post Инвазивен рак што прави штета по брегот – луѓето…
Телефон паднат во вода често завршува во сад или кеса со ориз – стар домашен совет што со години се пренесува како брзо решение за влагата. Но, производителите и сервисерите предупредуваат дека оризот не е најдобриот начин за сушење и во некои случаи може дополнително да го оштети уредот. Епл (Apple) во официјалните упатства експлицитно […] The post Ставате мокар телефон во ориз? Зошто…
На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица […] The post До 18 часот регистрирани вкупно 19 пожари appeared first…
Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема […] The post Голем пожар попладнево…
Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект треба да го зајакне транспортното и економското поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. -Автопатска делница во должина од 10 и пол километри, исклучително комплициран терен,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти новиот врховен лидер на Иран, ајатолах Мојтаба Хамнеи, е мртов, туку дека е „многу сериозно ранет“, објави „Ју-ес тудеј“. Изјавата ја даде во интервју со радио водителот Глен Бек на 26 август, реагирајќи на напис на „Д Атлантик“ (The Atlantic) во кој се наведува дека во […] The post Трамп: Не мислам дека врховниот лидер на Иран е…
Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос на истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), активното население во земјава изнесува 798.718 лица, од кои 708.698 се вработени, а 90.020 […] The post Зголемување на активното население…
Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање […] The post Зимското сметање на…
Активното население во Македонија во второто тримесечје од 2026 година изнесувало 798.718 лица, што е зголемување од 0,8 проценти во однос на истиот период минатата година. Од нив, 708.698 лица биле вработени, додека 90.020 лица биле невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесе МИА. Стапката на активност изнесувала 52,5 проценти, стапката на вработеност […] The post…
Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. The post Утре попладне локално невреме со пороен дожд appeared first on…
Спогодбата за трговија со услуги и инвестиции (TISIA) меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Русија официјално стапи во сила, што претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи, објави емиратската новинска агенција WAM. Спогодбата треба да го олесни пристапот до пазарите за извозниците на услуги, да ја зајакне заштитата на инвеститорите и да создаде […] The post…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на […] The post ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото…
Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се догасува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот. -Засега е мирно и под контрола. Но, […] The post Се догасува големиот пожар кај Струмица appeared first on…
Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето […] The post Ангелов:…
Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото […] The post Големиот пожар во струмичко е ставен под…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина […] The post ВИДЕО: Денес е еден од најтешките денови во…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна […] The post ФОТО: Единицата за…
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција…
Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. […] The post Во гаснењето на пожарот во струмичко…