RSS Amplifier

News source

Нетпрес

Независна Новинска Агенција

netpress.com.mkSource feed ↗80 articles

Overdue Last read · last published · next check
Last read 1 day ago, longer than this feed's 1 hour schedule.

Written by

Latest articles

УЕФА подготвува кривична пријава против Инфантино

УЕФА соопшти дека подготвува кривични пријави против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговиот неуспешен план да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори. УЕФА соопшти дека подготвува кривични пријави во Швајцарија против Инфантино и евентуално против други службени лица и советници за криминално лошо управување, објави „Фајненшл тајмс“. Правниот потег доаѓа во…

Се затвораат четири училишта во делчевско

Општина Делчево донесе одлука за привремен престанок со работа на четири подрачни училишта во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче. Одлуката е донесена поради драстичното намалување на бројот на ученици, но и поради високите трошоци за одржување на училиштата. Советот на Општина Делчево на денешната седница ги стави во мирување подрачните училишта што работат во […]

АВМУ: Нападите се неосновани, изворниот сигнал на „арените“ не е во Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соопштение вели дека „ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Република С Македонија. „Агенцијата постапува исклучиво во рамките на своите законски […]

Во Хаг почина Ратко Младиќ, поранешен генерал на војската на Република Српска

Поранешниот генерал на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, почина на 84-годишна возраст во болница во Хаг, изјави државната секретарка во српското Министерство за човекови и малцински права, Лидија Павиќевиќ. Таа рече дека информациите ги добила од синот на генералот, Дарко Младиќ. Свештеникот Борис Топиќ од Хаг вели дека го посетил генералот Младиќ денес во […]

Белата куќа вели дека нема преговори со Иран, сите опции се на масата

Соединетите држави и Иран во моментов не преговараат за крај на војната, бидејќи Вашингтон се фокусира на економски притисок врз Техеран, но сите опции остануваат „на масата“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит, во интервју за телевизијата Fox News во четвртокот. „Главната цел на претседателот Трамп била и отсекогаш ќе биде – да се […]

Двајца убиени во напад со нож во училиште близу Берлин

Напад со нож се случи во училиште на периферијата на Берлин во четвртокот, при што загинаа две лица, а напаѓачот е уапсен, соопшти германската полиција. Според полицијата, 18-годишна ученичка и 30-годишен маж кој ѝ притрчал на помош биле убиени во напад со нож во приватно училиште во градот Гозен-Ној Цитау, кој се наоѓа на границата […]

Цените на нафтата пораснаа близу 89 долари

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари во четвртокот кон 89 долари, стабилизирајќи се по почетниот остар пад, бидејќи трговците се обидуваа да ги проценат изгледите за ублажување на прекините во снабдувањето со енергенсите од Блискиот исток. На лондонскиот пазар, попладнево со барелот се тргуваше по 88,92 долари, што е за 1,08 долари повисока […]

Киев се обидува да го убеди Западот во наводните успеси на фронтот, вели Герасимов

Украинското раководство се обидува да ги убеди западните сојузници во наводни успешни операции на украинските вооружени сили на бојното поле со ширење дезонформации за наводно успешна офанзива во Запорошката област, изјави во четвртокот началникот на рускиот Генералштабот, Валериј Герасимов. „Во отсуство на реални резултати на теренот, украинското раководство се обидува да ги убеди западните…

Делап во Нотинегем Форест за рекордна сума

Англискиот играч од средниот ред Лиам Делап се приклучи на Нотингем Форест од Челзи со петгодишен договор, објави премиерлигашкиот клуб во четвртокот. Финансиските детали од договорот не беа откриени, но британските медиуми објавија дека Форест платил 45 милиони фунти (61,08 милиони долари) за 23-годишникот. Договорот, исто така, вклучува дополнителни 5 милиони фунти во бонуси. Претходниот […]

Германскиот автомобилски гигант го откажа вонредниот состанок на работничкиот совет во Дрезден

Вонредниот состанок на работничкиот совет на германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ во Дрезден е откажан откако советот, раководството на фабриката таму и раководството на групата во Волфсбург се согласија дека претходно најавениот состанок нема да се одржи. Портпаролот на работничкиот совет, Хајко Лоси, во четврток попладнето изјави дека откажувањето барем сигнализира дека „во моментов нема…

ЕУ го активира „Коперник“ за да им помогне на спасителите во Непал

Европската Унија го активирала својот сателитски систем за набљудување „Коперник“ (европски пандан на ГПС) за да им помогне на спасувачките екипи во Непал по масовните поплави во земјата, а ЕУ е подготвена да обезбеди и пообемна помош, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Системот „Коперник“ е активиран за да ги мапира […]

Аеродромец ноќеска на паркинг се нафрлил на соседот

Ноќеска Д.К.(26) од Скопје пријавил дека околу 0:15 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападат од неговиот сосед К.Г. (59). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Скопје.

Спасено делфинче во Истанбул кое по грешка влегло во река

Спасувачка екипа од Пожарникарската служба на Истанбул спасила делфинче што влегло во реката Алибеј во регионот Ејупсултан, објавија турските медиуми. Според агенцијата Анка, сигналот за помош за морскиот цицач го поднеле граѓани кои го забележале заталканиот делфин. Специјален тим од пет члена од Подводниот тим за пребарување и спасување (SAK) на Пожарникарската служба на Истанбул […]

Продавниците на мигрантите затворија денеска – протестираат против „Алтернатива за Германија“

Продавниците во сопственост на мигранти во германскиот град Магдебург ги затворија своите врати во знак на протест против антиимигрантската партија „Алтернатива за Германија“. Акцијата беше организирана пред претстојните регионални избори во покраината Саксонија-Анхалт, објави ДПА. За денеска е планиран и протест пред регионалниот парламент. „Она што е важно за нас: никој не треба да мора […]

Полициска потера во Велес – насила ја внел поранешната девојка во автомобилот и заминал

Ноќеска во 1 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсиле Б.О. (21) од Чашка. Според пријавеното од очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна малолетна девојка (17) во автомобил „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полицајците го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска […]

Точел алкохолни пијалоци на малолетници на плажа во Охрид

СВР Охрид поднел кривична пријава против Н.С.(37) од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е, товарејќи го за „точење алкохолни пијалоци на дете” по член 204 од Кривичниот законик. При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршен на 29 јули, со која стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица […]

Прилепчанец три пати подметнувал пожар кај новите гробишта

СВР Битола поднел кривична пријава против И.Ч.(58) од Прилеп, товарејќи го за „предизвикување општа опасност” – на 13 август тој во три наврата предизвикал пожар на место викано „Бараките” во близина на новите градски гробишта и во населба Варош.

Мета се согласи на спогодба од 16,7 милијарди долари со 29 држави на САД

Технолошката компанија „Мета“ се согласи на спогодба со 29 американски држави во тужба за безбедноста на децата на Фејсбук и Инстаграм. Според судските документи, компанијата ќе плати до 16,68 милијарди долари, објавува Би-Би-Си. Спогодбата ја обврзува Мета да воведе низа правила за тинејџерите, вклучувајќи дневни временски ограничувања и блокирање на пристапот до платформите ноќе. Иако […]

Во второто тромесечје бројот на невработени паднал за 1,5 отсто

Бројот на активното население во второто тромесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 отсто во однос со истото тромесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798.718 лица од кои 708.698 се вработени, а 90.020 […]

Возач на градски автобус удиран од патник оти не му застанал кога овој сакал

Синоќа С.С.(49) од Скопје пријавил дека возел автобус на ЈСП Скопје, на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Според пријавеното, претходно лицето се обидело да влезе небезбедно во автобусот, односно додека бил во движење на булевар, но тој не застанал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР […]

Силна бура ги зафати балтичките држави и одзеде два животи

Моќен циклон ги зафати трите балтички држави во саботата, при што загинаа двајца, додека силни ветрови, пороен дожд и грмотевици ги опустошија Литванија, Латвија и Естонија. Метеоролошките податоци покажаа дека бурата од саботата била најразорната што ја погодила Латвија од јануари 2005 година. Државната противпожарна и спасувачка служба на Латвија соопшти дека едно лице загинало, […]

Вучиќ од Делиблатската Пешчара: Европа го нема тоа што го добивме од Русија

Посетив сѐ со хеликоптер, обемот на уништување на вегетацијата и шумите е голем, но помалку од очекуваното, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во посета на Делиблатската Пешчара која што е погодена од пожарот. „Тројцата пожарникари кои беа однесени од огнената бура едвај преживеаа, но цивилното население не беше загрозено“, рече Вучиќ. Претседателот на […]

Доларот ослабе во однос на кошничката валути минатата седмица

Вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна минатата седмица на светските девизни пазари, бидејќи инвеститорите се загрижени за интервенцијата на Министерството за финансии на САД на пазарот на обврзници. Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,8 отсто минатата седмица, на […]

Данска дополнително ги заострува правилата за украинските бегалци

Данска планира да престане да издава привремени дозволи за престој на украински бегалци од регионите најмалку погодени од конфликтот со Русија, изјави министерот за имиграција на земјата од ЕУ, Мортен Бодсков. Соопштението следи по поширокиот тренд меѓу европските земји за намалување на бенефициите за оние што бегаат од конфликтот со Русија и укинување на заштитата […]

Регистриран 31 пожар на отворено во изминатото деноноќие, осум се активни

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во осум општини. Во прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и […]

Избегната катастрофа, пожарот во прилепско Бонче се приближил до куќите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека е избегната катастрофа во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во […]

Обвинителот Абази го спаси Филипче од одговорност за модуларната болница во Тетово

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид-пандемијата како „урбана опрема”. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема”, тогашната влада на СДСМ и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување – пишува ВМРО-ДПМНЕ во […]

Светските берзи паднаа, цените на нафтата и приносите од обврзниците пораснаа

Светските берзи паднаа минатата седмица бидејќи инвеститорите беа загрижени за зголемување на цените на нафтата за повеќе од 5 отсто и зголемување на приносите од државните обврзници. Цените на акциите паднаа на повеќето европски берзи минатата седмица. Иако лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,6 отсто на 10.816 поени, франкфуртскиот DAX се лизна за 1,1 отсто […]

Воведени 28 нови авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се […]

Мнозинство Германци очекуваат Мерц да биде сменет пред следните избори

Повеќето Германци очекуваат нивниот канцелар Фридрих Мерц да биде заменет пред следните редовни парламентарни избори во 2029 година, според анкетата на Yougov. Според анкетата, 36 отсто од испитаниците веруваат дека германскиот канцелар ќе биде заменет пред следните избори, а 18 отсто се на мислење дека тој ќе остане на должноста само уште оваа година. Наспроти […]

Ла Лига: Реал Мадрид среќно славеше во Барселона

Жозе Мурињо го започна својот втор мандат на чело на Реал Мадрид со победа во Барселона, каде во првото коло од Ла Лига мадридскиот тим го победи Еспањол со 2а:1 (1:1) со гол во последните моменти од натпреварот. Реал поведе во 9. минута со голот на Џуд Белингам. Домашниот тим израмни во 30. минута со […]

Серија А: Гостинска победа на Наполи, Интер сигурен дома

Фудбалерите на Наполи победнички ја започнаа новата сезона во италијанското првенство со победа од 2:0 на гости против Џенова во послениот натправар од саботната програма. Под водство на новиот тренер Масимилијано Алегри, наполитанците победија во самиот финиш со головите на Де Брујне во 82. и Вергара во 87. минута. Победа на гости оствари и Каљари, […]

ВИДЕО| Тројца повредени кога маж со автомобил косел луѓе па се враќал да ги прегази во БиХ

Три лица се повредени кога маж со автомобил влетал во група луѓе собрана на коњички трки во саботата попладнето во источна Херцеговина, објави Алтернативната телевизија (АТВ) од Бања Лука, повикувајќи се на официјални извори. Инцидентот се случил во Бијељани во близина на Билеќа, каде што традиционално се одржуваат коњички трки во текот на летото. Во […]

Цивили ранети во израелски напад во Сирија, Израел тврди дека целта бил терорист

Израел во саботата соопшти дека целта му бил она што го опиша како терорист во јужна Сирија, додека сириското Mинистерство за надворешни работи соопшти дека израелски дрон погодил цивилно возило во близина на Дамаск, при што се повредени неколку цивили. Сириското министерство соопшти дека дронот погодил цивилен автомобил на пат во близина на селото Беит […]

ВИДЕО| Марго Роби и Бредли Купер го подготвуваат грабежот на годината

Париз, гламурот на 1960-те, Марго Роби во зачудувачки ретро изглед и Бредли Купер во една од неговите најчудни нови улоги – приквелот за Оушеновата банда веќе се снима и дефинитивно привлекува внимание. Марго Роби беше забележана првпат на снимањето во Париз, а снимката веднаш нè пренесува во друга ера. Актерката е трансформирана во духот на […]

Канада воведува царини за увозот од САД во септември

Канада ќе воведе царини за увоз од Соединетите држави во низа сектори почнувајќи од 8-ми септември, како одговор на новите царини од 50 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Марк Карни во саботата. САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор по неколкудневни интензивни преговори, а Вашингтон во саботата […]

Премиер лига: Стартни порази на Манчестер Јунајтед и Тотенхем

Во последниот натпревар од саботната програма од 1. коло од англиското фудбалско првенство, Брентфорд како домаќин убедливо го победи Тотенхем Хотспур со 3:0 . Головите ги постигнаа Луис-Потер (12), Џанелт (33) и Кајод (49). Претходно во саботата, играчите на Хал Сити победнички ја започнаа новата сезона од англиската Премиер лига со победа над Манчестер Јунајтед […]

Единицата за брзо распоредување одбележа 25 години од формирањето

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна […]

Путин: Украина го пушти „џинот од шишето“, одговорот ќе следи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „го пушти џинот од шишето“ со нападите врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, „Украина добива и ќе добие одговор со јавното изразување на својата цел за уништување на руската економија. Тие го пуштија џинот од шишето – почнаа со удари […]

Седум загинати во полициска потера во Англија

Седум лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во саботата во челен судир по полициска потера во североисточна Англија, објавика тамошните медиуми. Полицијата на округот Кливленд соопшти дека автомовил „фолксваген пасат“ со пет патници се движел во спротивна насока по автопатот А66 во близина на Мидлсбро и се судрил челно со полициско возило. Седумте лица […]

Златото на тримесечен максимум поради загриженоста за американскиот долг и доларот

Цените на златото остро пораснаа на крајот од трговската седмица во петокот вечерта на највисоко ниво за три месеца, поддржани од силната побарувачка за благородниот метал во услови на плановите на американската влада да ја прошири својата програма за откуп на обврзници и послабиот долар. Во Лондон, тројска унца злато (околу 31,1 грама) достигна 4.601 […]

Русија изврши нов масовен напад со беспилотни летала врз Киев

Руските сили извршија групен напад преку ноќ со високопрецизно копнено оружје и дронови со долг дострел врз објекти на транспортна инфраструктура и логистички центар во Киев и Киевската област, објави руското Министерство за одбрана. Во украинскиот главен град e погодено депото Дарнитсја, кое е клучно претпријатие на Југозападната железница на Украина, каде што се одржувааt […]

Поранешниот светски шампион во бокс Тете убиен пред својот дом

Поранешниот светски шампион во бокс, 38-годишниот Золани „Ласт Борн“ Тете, смртно беше застрелан пред својот дом во јужноафриканската покраина Источен Кејп во петокот, соопштија полицијата и министерот за спорт на земјата во саботата. Тете се враќал во својот дом во општината Мдантсане кога две маскирани вооружени лица излегле од возило и отвориле оган. „Нема да […]

СДС да престане со лагите, растот на платите сега е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „На лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника. Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно. Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај […]

„Безбеден град“ досега регистрирал над 180.000 прекршоци на странски возила

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената. „Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот […]

САД и Канада не постигнаа трговски договор, Карни најави соодветни канадски царини

Соединетите држави и Канада не постигнаа трговски договор синоќа, по што Вашингтон ќе воведе царини од 50 отсто за некои производи увезени од Канада, објави Reuters повикувајќи се на изјави од двете страни. „Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно со оглед на нашите цели во интерес на канадскиот народ“, […]

САД и Иран продолжуваат со непријателската реторика пред новите санкции

Соединетите држави и Иран разменија остри пораки пред објавувањето на новите економски санкции на САД в понеделник, кои би можеле да ги погодат Исламската Република и главните трговски партнери на Техеран, вклучувајќи ја и Кина. Додека војната се приближува кон својот шести месец, двете страни не разменуваат оган, но ниту водат мировни преговори. Во меѓувреме, […]

Турција бара помош од Интерпол да се уапси Нетанјаху

Турција соопшти дека бара црвена потерница од Интерпол за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за обвиненија за геноцид. Овој потег доаѓа во услови на пошироки тензии меѓу двата сојузници на САД, бидејќи Анкара ги осуди неодамнешните воздушни напади на Израел врз воздухопловна база во Сирија. Црвената потерница од Интерпол е барање до полициите низ целиот свет […]

ВИДЕО| Чамец со мигранти пристигна на преполна плажа во Шпанија

Властите во шпанскиот регион Мурсија побараа објаснување од властите во Мадрид како десетици нелегални мигранти пристигнаа со брод на преполна плажа сред бел ден. Имиграциската криза повторно беше во центарот на вниманието кон крајот на минатиот месец кога повеќе од 72.000 луѓе преминаа во Сеута, шпанска енклава на мароканскиот брег, предизвикувајќи критики кон левичарската влада […]

TikTok ја реши тужбата во САД со спогодба од 400 милиони долари

Платформата за кратки видеа TikTok се согласи да плати 400 милиони долари за да ги реши обвиненијата во САД дека собрала лични податоци од деца, објави американското Министерство за правда. Спогодбата не вклучува признавање вина, соопшти Министерството, укажувајќи, меѓу другото, на промената во сопственоста на активностите на TikTok во САД и голема реформа на неговите […]