Пред самиот крај или на самиот почеток, зависи што имаме во фокус креирајте свој РИТУАЛ за негување на ставот #Благодарам.
Инспирација за идеи за осмислување на твојот ритуал може да видиш од понудените идеи во книга 50+ идеи #Благодарам, или од семејната книга #Благодарам или на интернет или да направиш некоја твоја креација/комбинација/инспирација.
Тестирај го ритуалот и баждари го сѐ до моментот додека не ја добиеш верзијата во која најмногу уживаш.
Од 💛 сум благодарна ако одлучиш да го споделиш со мене, а уште повеќе ако ми дадеш и дозвола да го споделам и со други луѓе (секако може и анонимно). Твојот РИТУАЛ за негување на ставот #Благодарам верувам дека ќе биде инспирација и поттикнување за другите.
Може да го поканиш партнерот/партнерката или целото семејство за заедно да креирате Семеен РИТУАЛ на негување на ставот #Благодарам, кој се надевам дека ќе прерасне и во семејна традиција којашто ќе се шири и негува и од твоите пра-пра-пра-пра-пра-правнуци. Да им оставиме нешто по што можат да нѐ спомнуваат и со што можеме да бидеме тука и кога нема да бидеме тука.
БОНУС: Ритуал за негување на ставот #Благодарам може да се креира и во секоја училница/занимална/тим/компанија.
Се читаме утре!
Благодарам од 💛
No posts

Comments
Nothing yet. Say the first thing.
Sign in to join the conversation.