RSS Amplifier

#ЛиченИЗБОР · Jul 13, 2026

6 ден ПРЕДИЗВИК #Благодарам, Навика

0
Sign in to vote or save

#ЛиченИЗБОР · #ЛиченИЗБОР

Дневник на Благодарност, можеби до сега посака да имаш и ти дневник за благодарност во кој ќе ги бележиш работите кои го грејат твоето срце, увидите од претходниот ден или...

Мене водењето на дневник ми помогна да ја изградам и зацврстам навиката за искажување на благодарност. БОНУС е тоа што можам да се нурнам во дневникот секогаш кога „врне и дува“ во мојот живот, тогаш дневникот ми е топлиот чај кој ме топли од „врнежливото и ветровито“ време.

Земи ја тетратката/тефтерот кој го чуваш затоа што многу ти се допаѓа, но никако да почнеш да го користиш за нешто или пак оди до некоја убава и голема книжарница и види кој тефтер/тетратка ќе те повика (мене ми зборуваат тетратките/тефтерите кога избирам дневник за благодарност, ќе видиш дали и тебе некој можеби ќе ти прозборе).

Избери време во денот, наутро штом ќе станеш или навечер пред легнување (или било кое друго време во денот, науката овие ги препорачува) и напиши најмалку 3 работи за кои си благодарен/на, важно е да ја почувствуваш благодарноста за нив, не да се напишат како да се пополнува чек листа. На почетокот може и нема да ти текнат 3 работи за кои си бил/а благодарен/на тој ден, но како минува времето ќе има многу повеќе од 3 тоа секако знам дека беше точно и за мене, а и за многу мои клиенти со кои работам coaching 1 на 1.

Кога мозокот знае дека треба да напише нешто во дневникот на благодарност наутро или навечер, ќе почне да ги забележува и помни работите за кои е благодарен. А сигурно знаеш дека среќата во голем дел зависи од тоа на што се става фокусот, а тоа може да се навежба.

Благодарноста е моќна алатка која може да ви донесе поголема радост, мир и свесност за убавината околу вас.

Да не заборавиме дека развивањето на ставот #Благодарам е процес кој се развива со време, исто како што преку ноќ не научивме ниту една друга вештина. Колку повеќе го наоштриш фокусот на позитивното, толку повеќе убавина ќе најдеш во твојот живот.

Се читаме утре!

Благодарам од 💛

Ако ти се допадна идејата за водење дневник на благодарност, можеби ќе посакаш во ова патување да го вклучиш и целото семејство.

Токму од таа желба се роди семејната книга #Благодарам.

Секој ден во книгата носи различна тема, различно прашање и нова покана за разговор. Со секоја нова страница книгата полека се исполнува со вашите мисли, детски одговори, смеа, мали победи и работите што ви биле важни токму во тој период од животот.

Со текот на времето таа станува многу повеќе од книга. Еден ден ќе ја отворите повторно и ќе се изненадите колку многу љубов, смеа и живот собираат неколку испишани страници.

А можеби, додека го читаш ова, веќе ти текна на едно семејство на кое би сакал/а да му подариш токму таков спомен.

Сподели ја приказната

No posts

Read the original on licenizbor.substack.com

Comments

Nothing yet. Say the first thing.

    Sign in to join the conversation.