Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002, 84/2020 и 202/24) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево-Пречистен текст (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 11/2026), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 20.08.2026 година, донесe РЕШЕНИЕ за свикување […]
Општина Делчево продолжува со конкретна поддршка за младите и нивниот образовен успех, преку доделување 18 ученички стипендии за учениците од СОУ „М.М. Брицо“. Стипендиите се наменети за поддршка на трудот, успехот и талентот на учениците, со посебен акцент на создавање еднакви можности за образование и развој. Предвидени се: 10 стипендии во износ од 2.000 денари […]
За секое прваче и за убав почеток на едно големо патување!! Општина Делчево обезбедува по 4.000 ден за секое прваче од Делчево. Нека првиот училишен чекор биде лесен чекор кон знаење, успех и убави детски соништа.
Општина Делчево за фискалната 2025/26 година е оценета со максимални индексни поени 16 и се наоѓа во семејството на високотранспарентни општини. Функционалноста и достапноста на веб-страницата на Општина Делчево се со коментар: Многу добра организација и достапност на информациите. Овие податоци се дел од анализата на ЦЕА која неколку години по ред го мери Индексот […]
Градоначалникот Гоцевски, заедно со волонтерите на ОО на Црвен крст – Делчево и ДПД „Волонтер“ – Делчево, денес ја завршуваат својата плодна посета на Општина Чрномељ во Република Словенија. Во рамки на посетата, во присуство на градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавшек, беа разменети искуства и идеи со повеќе институции, организации и наши успешни иселеници […]
Делчево доби уште една современа сообраќајница во централното градско подрачје. Со поставувањето асфалт на дел од новата улица 1, заврши изградбата на оваа делница која за прв пат го поврзува централното градско подрачје, на потегот од Територијалната противпожарна единица до новиот станбен комплекс „Дамјанов“. Станува збор за целосно нова улица во должина од 150 метри, […]
Се асфалтира улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Расадник со што и завршува изградбата на една од најкритичните делници од патната инфраструктура во Делчево. Се асфалтираат 180 метри од улицата, а претходно за овој дел од населбата беше изградена фекална канализација и потпорен ѕид- како посебна заштита поради конфигурацијата на теренот. Со реализацијата на овој проект, […]
Локалниот младински совет од Делчево во градскиот парк во Делчево ги собра младите на креативното дружење , музика и забава со цел да го одбележат Меѓународниот ден на младите. Настанот се одвиваше под мотото „Ајде сите заедно да ги поддржиме нашите млади!“ и порачаа дека овој Меѓународен ден на младите го славиме со она што […]
До Жители на улица „Петрашевска“ и дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани, Општина Делчево ги известува сопствениците на објекти и градежни парцели лоцирани на улица „Петрашевска“ и дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево, на кои е планирано да бидат вршени градежни работи за поставување на фекална […]
Делчево ја стартуваше реализацијата на Програмата „Најдоброто од Делчево“ која е наменета за развој и афирмација на потенцијалите за Локален економски развој на Делчево и интерсекторско поврзување на сите дејности на Општината во функција на Локалниот економски развој. Општина Делчево располага со значаен природен, културен и човечки потенцијал кој сè уште не е доволно видлив […]
Шеснаесет волонтери од Црвениот крст од Делчево во Словенија од денеска ќе ги учат основите на противпожарната заштита и спасувањето животи во услови на пожар на традиционалниот интернационален Младински противпожарен камп во Чрномељ, Словенија. На кампот учествуваат околу 200 деца од неколку држави кои се поделени на водови, а за секој вод е определен по […]