RSS Amplifier

Blog

www.caa.gov.mk

caa.gov.mkSource feed ↗10 posts

Live Last read · last published · next check

Written by

Latest posts

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу македонските и аргентинските воздухопловни власти

Во просториите на Министерството за транспорт се одржа билатерален состанок на кој директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Драги Стојаноски во присуство на заменик – министерката за транспорт г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири и вршителот на должност Амбасадор на Република Аргентина во Софија г. Хуан Игнасио Камио Бавасо официјално го потпиша Меморандумот […]

Американската TSA ја пофали АЦВ за напредокот во воздухопловната безбедност

Експерти од македонската АЦВ, во областа на обезбедувањето на цивилното воздухопловство, од 18 до 22 мај 2026 година, беа гости во седиштето на Администрацијата за безбедност во сообраќајот на САД – Transportation Security Administration (TSA), во Вашингтон, САД, како дел од проектот за подршка и соработка „Balkan Spirit“. Како резултат на успешната соработка и […]

Состанок на земјите-членки на Регионалниот советодавен комитет за воздухопловно потрага и спасување (RASARAC)

Во Тирана, Албанија, на 6 и 7 мај 2026 година се одржа редовен состанок на земјите-членки на Регионалниот советодавен комитет за воздухопловно потрага и спасување (RASARAC). На состанокот учествуваа претставници, експерти и координатори од повеќе држави, со заедничка цел – унапредување на регионалната соработка и зголемување на ефикасноста на системите за воздухопловно потрага и спасување […]

АЦВ одржа работилница за промоција на безбедноста во воздухопловството во Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство, во рамки на Националната програма за безбедност во воздухопловството, на 16 април 2026 година организираше работилница за промоција на безбедноста, која се одржа на спортскиот аеродром Штип (LWST), во просториите на Школата за пилоти „Rimin Air“. Работилницата беше посветена на унапредување на безбедносната култура во воздухопловната индустрија, преку…

Меморандум за соработка на „Changi Aviation Summit 2026“ помеѓу Македонија и Сингапур

Потпишан нов Меморандум за соработка на „Changi Aviation Summit 2026“ помеѓу Македонија и Сингапур Глобално позиционирање на македонското воздухопловство преку стратешко партнерство со Сингапур Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), г. Драги Стојаноски, и генералниот директор на Управата за…

Обука и советување за USOAP CMA како подготвителна активност за престојниот Аудит на АЦВ во 2026 година од страна на ICAO

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) активно се подготвува за претстојниот аудит на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), кој ќе се спроведе во рамки на Универзалната програма за надзор на безбедноста (USOAP). USOAP претставува задолжителен систем за континуирано следење, воспоставен во 1999 година, со цел проценка на усогласеноста на државите членки со меѓународните…

АЦВ потпиша оперативен договор со RCC Албанија за соработка во потрага и спасување

Делегација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, предводена од директорот Драги Стојаноски, оствари работна посета на Тирана, со цел унапредување и формализирање на оперативната соработка со Република Албанија во областа на потрагата и спасувањето (SAR). Во рамки на посетата беше потпишан Оперативен договор за SAR соработка помеѓу двете држави, како резултат на претходно спроведени технички…

Директорите на АЦВ и на ЦУК потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка во областа на потрага и спасување САР

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија и Центарот за управување со кризи (ЦУК), официјално го потпишаа Договорот за деловно-финансиска соработка, со кој ќе се унапреди безбедноста во областа на потрагата и спасувањето во цивилното воздухопловство. Со овој документ се утврдува начинот на деловно-финансиска соработка, вклучително размена на информации, финансиска и…

Известување за операции со воздухоплови

Почитувани оператори и далечински пилоти, со цел непречено одвивање на избори за градоначалници ве известуваме дека се забрануваат секакви операции со воздухоплови без екипаж на територијата на град Скопје и општините Чучер Сандево, Студеничани, Долнени, Македонски Брод, Крушево, Могила, Кочани, Виница, Лозово, Македонска Каменица, Пробиштип, Чешиново Облешево, Зрновци, Куманово, Ранковце,…

АЦВ и Координативниот центар за потрага и спасување (RCC) на Албанија дефинираа оперативен договор помеѓу двете држави

Агенцијата за цивилно воздухопловство деновиве беше домаќин на делегација на Координативниот центар за потрага и спасување (RCC) на Албанија, со цел, дефинирање на оперативен договор за соработка помеѓу двете држави во областа на потрагата и спасувањето. На средбата, двете делегација разменија искуства и знаења во доменот на своите овластувања, направија и усогласување на техничко-оперативни…